Земјотрес од четири степени почувствуван во Албанија

Земјотрес од четири степени според Рихтер, попладнево,во 16:16 часот е почувствуван во Албанија. Според Институтот за сеизмологија, епицентарот на потресот е на шест километри југозападно од градот Пеќин, односно на 37 километри јужно од Тирана. Земјотресот бил на длабочина од два киломтера и според Институтот имал висок степен на чувствителност.

Освен голема вознемиреност кај жителите од поширокиот регион, нема информации за предизвикана материјална штета. Потресот е почувствуван и во западните делови на Македонија. Албанија катастрофален земјотрес ја погоди утрото на 26 ноември минатата година, во кој загина 51 лице, повредени беа над 1.200, а причинетата материјална штета се проценува на над милијарда евра.