Земјотрес со интензитет од 5 степени во Корча, се почувствуваа и во Охрид и Струга

Земјотрес со интензитет од 5 степени според Европската макросеизмичка скала утрово е регистриран на 18 километри јужно од Корча, на самата граница меѓу Албанија и Грција. Според подтоците од emsc-csem.org првиот земјотрес се случил во 06:26 часот, а најсилно бил почуствуван во Корча. Земјотресот утрово ги разбуди и жителите на Поградец, а граѓаните на друштвените мрежи известија дека бил почувствуван и во Охрид, Струга и Ресен. По првиот, беа регистрирани уште два земјотреса од 4,9 и 4 степени.

Advertisement