Земјотрес со јачина од 6,4 Рихтери во Драч (Видео)

Земјотресот кој утринава пред 3:55 часот по полноќ ја разбуди Македонија е со јачина од 6,4 степени по Рихтер и со епицентар во градот Драч во Албанија. Поместувањето на тлото е на длабочина од 10 километри. Предмалку во Скопје беше почувствуван многу силен земјотрес, која траеше долго, речиси 20 секунди, според кажувањата на граѓаните по социјалните мрежи. Земјотресот, покрај во Албанија и Македонија, го почувствуваа и граѓаните на Србија, на Црна Гора, на Косово, на БиХ, на Хрватска, на Бугарија и на Италија.