Земјотрес со интензитет од 4,2 степени според Рихтеровата скала попладнево е регистриран на територијата на Албанија. Потресот бил во 14:50 часот на длабочина од 10 километри со епицентар во Видас на 10 километри од Елбасан, а е почувствуван и во Тирана и Драч. Засега нема информации за причинета материјална штета. Поради близината, земјотресот е почувствуван и на македонска територија, пред се во Струга, Охрид и Дебар.
Advertisement