Земјотресот бил со магнитуда од 5,3 степени според Рихтеровата скала со епицентар 64 км источно од Подгорица и 30 километри западно од Пеќ, Косово е почуствуван претпладнево во 11:46 часот во Скопје и северозападна на Република Македонија. Епицентарот на потресот бил во реонот на градот Плав, во близина на тромеѓето меѓу границите на Црна Гора, Албанија и Косово. Епицентарот на земјотресот, според Европскиот-медитерански сеизмолошки центар, бил на длабочина од 10 километри, а освен во Косово и Македонија, е почувствува и во Србија. Потресот предизвикал паника меѓу населението, но засега нема информации за жртви или предизвикани материјални штети.
Advertisement