Зголемени безбедносните мерки за лидерот на Демократска партија Љуљзим Баша

 

Безбедносните мерки за заштита на лидерот на Демократска партија, Љуљзим Баша, се зголемени откако се појавија информации дека добил смртни закани. Заканите по живот следат по последните јавни расправии меѓу власта и опозицијата. Информацијата ја потврди и претседателот на Албанија, Бујар Нишани, кој истакна дека се зголемени безбедносните мерки.

Телевизијата „Топ чанел“, повикувајќи се на полициски извори, јавува дека заканата не била директно насочена кон лидерот на опозицијата. Според истиот извор, заканата била во форма на декларација. Во декларацијата, паравоената група им се заканува на сите политичари кои, според нив, ги уништуваат Албанија и Албанците.

Advertisement