Зимски фестивал во Пустец, Мала Преспа (ФОТО)

Македонците во Општина Пустец и годинава го организираа Македонскиот зимски фестивал 2020, кој традиционално веќе неколку години се одржува во областа Мала Преспа. Македонскиот зимски фестивал 2020 годинава се одржа со поддршка на Министерството за туризам и животна средина на Република Албанија, а во соработка со Националниот парк Преспа, АДЗМ – Корча и Општината Пустец.

Македонскиот зимски фестивал беше организиран како панаѓур со традиционалните производи од областа Мала Преспа. На прославата присуствуваа градоначалникот на Општина Пустец, Пали Колефски, министерот за туризам и животна средина на Република Албанија, Бленди Клоси, како и фоклорни групи од Македонија, Грција и Албанија.

Македнците од областа Мала Преспа се претставија со посебна програма на македонски ора и песни од Албанија.

 

Advertisement