Албанија воведува авиолинија од Тирана до Скопје

Еди Рама објави дека летови од Тирана ќе бидат воспоставени и до Скопје, Приштина, Сараево и Загреб. Албанската национална авиокомпанија „Ер Албанија“ од септември ќе има летови од Тирана до Подгорица. Претходно овој месец беше објавено дека компанијата формирана во ноември минатата година првите летови ќе ги има во септември, а сега е познато дека еден од нив ќе биде кон главниот град на Црна Гора, пишува „Њуз“.

Инаку, растојанието меѓу Подгорица и Тирана во воздушна линија е 131,08 километри, па многумина се прашуваат колку ќе трае овој лет или ќе биде само полетување и слетување. Државата поседува 51 отсто сопствеништво во компанијата, додека останатите 49 отсто акции ги поседува „Туркиш ерлајнс“. Минатата година Рама поднесе барање до турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, за помош во формирањето на национална авиокомпанија.

Advertisement