
Светскиот Македонски Конгрес (СМК) упатува искрени честитки за големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица до Неговото Блаженство г.г. Стефан Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва и до сите православни Македонци и верници во Македонската Црква, во светот и во Македонија.
СМК посакува празникот кој го слави денот на радосното преселување на Мајката Божја на небото кај Господа, сите луѓе на светот да го поминат во мир и љубов, радост и смирение, со најблиските и со семејството. Пресвета Богородица отсекогаш била Семакедонска заштитничка, молитвеничка и закрилничка на христијаните. Нека овој голем ден го потврдиме со молитва пред Господа, со почит кон родителите и разбирање кон децата како богатство кое со Бога не соединува во животот и во вечноста!
Слава на Бога во висините, мир и добра волја меѓу луѓето на земјата. Пресвета, Пречиста, Преблагословена, Славна Владичице наша Богородице и Секогаш Дева Марија, спаси нас!
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden