Хуманитарна помош за Албанија од Хуманитарната организација на скопската епархија при МПЦ-ОА „Свети Спас”

Хуманитарната организација на скопската православна епархија при МПЦ- ОА „Свети Спас”, формирана со благослов на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, се вклучи во хуманитарна актвност за помош за настраданите во од катастрофалниот земјотрес во Албанија

Утре во 07.00 часот наутро, претстванци на органзацјата ќе го посетат Драч, каде ќе бидат пречекани од свештеникот на Албанска православна афтокефална црква отец Илија Мазнику, Македонец по потекло од Голо Брдо. Заедно тие ќе ја распределат помошта собрана од Хуманитарната организација на скопската православна епархија при МПЦ-ОА “Свети Спас”.

Помошта за настраданите од катастрофалниот земјотрес се состои во млеко, паштети, месен нарезок, памперси, влажн марамчња,јоргани, прекривачи, палента, сјај и шампон, јакни, патики стартки, детски чорапи,ќебиња и разни прехрамбени производи. Тоа се донацја на неколку компани и поединци. Помагам од срце . Никому да не му се случи ваква трагедија, но кога ќе дојде треба да помагаме, независно каде се случува, тоа е човечки. – стои во соопштенито на Хуманитарната организација „Свети Спас” на скопската православна епархија при МПЦ-ОА.