
Пратеникот од Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, во албанскиот парламент, Васил Стерјовски ја донираше ноемврската плата за настраданите од катастрофалниот земјотрес,што Албанија ја погоди утрото на 26 ноември.
Тоа е најмалку што можам да сторам за настраданите мои сограѓани.Заедно со градоначалникот на Пустец Пали Колефски инициравме собирање хуманитарна помош, во средства и пари и навистина сум благодарен на Македонците од општина Пустец како и оние од Голо Брдо за покажаната солидарност и хуманост,изјави Стерјовски за МИА. Тој од свое име и од име на МАЕИ, чиј лидер е, како и сите Македонци во Албанија искажува искрено и длабоко сочувство до семејствата на починатите а на повредените им посакува што побрзо закрепнување.
Mакедонска алијанса за европска интеграција од седницата на Централниот комитет одржана во Подградец, на која избра четворица потпретседатели и генерален секретар, упати апел до сите Македонци во Албанија да продолжат со солидарноста и поддршка со настраданите во катастрофалниот земјотрес.
Претходно и градоначалнкот на Пустец Пали Колефски ја донираше ноемвриската плата а 100.000 леки донираше и црквата во Пустец. Македонците од Пустец и Голо Брдо масовно се одѕваа во собирањето хуманитарна помош за настаданите,во прехрамбени арткли,вода,средства за одржување на хигена,ќебиња,како и финансиски средства
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden