
Во распределбата на помошта беа вклучени и вработение на Општина Булќиза и Едмонд Османи администратор на админстративната единици Требиште, областа Голо Брдо. Општината Булќиза, каде територијално припаѓа и административната единица Требиште, област Голо Брдо, населена главно со Македонци, распредели помош за најзагрозените семејства која се состои од храна.
Помошта што ја доделува Општина Булќиза во соработка со 2AFAlbaniaGroup, до секој дом ја донесоа вработени во локалната самоуправа со теренско возило поради лошата патна инфраструктура. Секое семејство беше информирано за бројот на телефон на кој за каква било потреба може да се јави. Административната единица Требиште, област Голо Брдо е некогашната општина Требиште, која беше укината со Законот за територијална поделба.
Македонско друштво “Илинден”-Тирана упати и офцијално барање до градоначалникот на општина Булќиза, каде територијално припаѓа поголемиот дел од областа Голо Брдо, при распределба на хуманитарна помош да бидат опфатени и Македонците од оваа област.
Во исто време друштвото искажува благодарност до градоначалникот на општина Булќиза, Лефтер Ала за хуманитарна помош што денска стигна во Требиште, областа Голо Брдо.
https://www.facebook.com/bashkiabulqize/videos/211420326858547/
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden
