Честитка од Македонска алијанса за европска интеграција по повод 23 октомври- Ден на Македонската Револуционерна Борба 

Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, по повод државниот празник 23 октомври – Денот на македонската револуционерна борба упатува честитка до сите граѓани на Македонија и Македонците во целиот свет!

На денешен ден 1893 година, во градот Солун, шестмина македонски визионери ја формираа Внатрешната Македонска Револуционерна Организација – ВМРО, како почеток на македонското револуционерно движење за ослободување на Македонија и како прва организирана политичка организација, поставувајќи ги темелите на македонскиот отпор и стремеж за слобода и обединување зачувано до денес.

Овој датум ги постави темелите на македонската државност!Обврска на секој Македонец каде и да се наоѓа е да го зачува својот идентитет! Нека е вечен споменот за македонските револуционери! – стои во честитката на Македонска алијанса за европска интеграција.