Нако Грозданов (20 јули 1881, Врбник, Егејска Македонија денес во Албанија – 25 април 1969, Торонто, Канада) македонски револуционер, деец на ВМОРО

Грозданов во 1900 година заминал за Мала Азија, и таму бил се до Илинденското востание поради кое се вратил за да земе учество. Во востанието бил војвода на врбничката чета. Учествувал во битките кај, Билишта и Апоскеп, под раководството на неговиот братучед Пандо Кљашев, Иван Попов и Стерјо Стерјовски. Неговата мајка е страшно убиена (пресечена) од турците за време на востанието. По востанието е заробен од властите но успева да избега. Во 1907 година преку Солун емигрирал во Торонто, Канада. Таму бил три години по што се враќа во Македонија. Учествува во Балканската војна, во која е ранет во рака. Во 1915 година заминува повторно за Канада. Во 1936 година Нако Грозданов бил претседател на православната општина на црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Торонто и член на МПО „Правда“, а во 1948 г. е претседател на комисијата за градба на нова црква. Починал на 25 април 1969 година во Торонто. Погребан е на гробиштата во „Маунт Плезнт“.