
Во периодот од 30 септември до 3 октомври 2021 година во Молизе, Италија ќе се одржи 24 -тиот семинар за словенските малцинства од Европа. Домаќин на семинарот во 2021 година е хрватското малцинство кое работи под раководство на фондацијата „Агостина Пиколи“, чиј претседател е г-динот Антонио Самартино. Семинарот ќе се одвива во соработка со координаторот на Работна група на словенски малцинства (РГСМ), раководена од Матиц Гермовшек Жнидаршич.
Малцинството Молизе – Хрватско е едно од најмалите малцинства и едно од најмладите членови во рамките на семејството РГСМ и ФУЕН. Поради тоа, од голема важност е целата заедница да помогне во успешноста на овогодинешниот семинар на РГСМ во Молизе, за да може дасе промовира нивната богата културна и јазична историја, а особено да ги претстави тековните предизвици на оваа заедница.
Македонско друштво ”Илинден”-Тирана е дел од Работната група на словенските малцинства (РГСМ) и изразува подготвност да партиципира во успешна реализација на овој семинар. Секако, зависно од можноста, поради непредвидливата ситуација со светската пандемија со КОВИД-19.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden