Николоски: Железничко поврзување на Македонија со Албанија преку коридорот 8, воведување на меѓуградски возови

Министерството за транспорт работи на железничко поврзување на Македонија со Албанија, дополнително со воведување на меѓуградски возови.

Заедно со Европската Унија во рамки на планот за раст интензивно работиме на документација за железничко поврзување на Скопје со Тетово и Гостивар во прва фаза.

Во втора фаза и со Кичево и во трета фаза со Охрид, Струга и Република Албанија. Идејата е да се направат меѓуградски возови, нешто што многу ќе го растерети сообраќајот, ќе ја намали гужвата и ќе го намали загадувањето, истакна денеска вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

Тој се надева дека веќе идната година ќе можат да се видат првите конкретни работи поврзани со овој проект.