СМК упатува најостар протест до Владата и Парламентот на Албанија поради прзнавањето на Македонсите како непостоечко бугарско малциство

 

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) упатува најостар протест до Владата и Парламентот на Република Албанија за признавање на “бугарско малцинство“ во денес усвоениот Закон за заштита на националните малцинства, покрај осумте со пописна и историска верификација: Македонци, Грци, Роми, Власи, Еѓиптјани, Срби, Црногорци и Бошњаци, а под закана од Софија со вето за членство на Албанија во Европската Унија.

СМК укажува дека исти луѓе на исти простори не можат да се сметаат за припадници и на македонското малцинство и на непостоечкото “бугарско малцинство“, имајќи предвид дека државјанството не е доказ за етничкото потекло! Има премногу Албанци со италијанско државјанство, но тоа не значи дека Владата во Рим треба да бара италијанско малцинство во Албанија!

СМК најостро ја осудува скандалозната и неприфатлива злоупотреба на Бугарија за регрутација на “бугари“ меѓу Македонците во Мала Преспа, Голо Брдо и Гора во Албанија , со издавањето на бугарско државјанство под услов со изјава “бугарин по потекло“!

СМК смета дека оваа злоупотреба на Софија со бугарските државјанства претставува отворено непријателство на Бугарија против Македонците во светот, односно против Македонскиот народ во целина, тоа е во спротивност со добрососедството меѓу двете држави Македонија и Бугарија и двата народа – Македонскиот народ и Бугарскиот народ!

СМК ја повикува Европската Комисија и соодвените меѓународни организации да реагираат на оваа злоупотреба на Владата во Софија против Македонците и Македонија, со неконтролирано и безусловно издавање на бугарски државјанства на Македонци кои не живеат и не работат во Бугарија, туку поради социо-економски причини заминуваат во Западна Европа!

СМК упатува остар демарш до Европската Унија поради игнорирањето на манипулациите и злоупотребите на Софија за масовно издавање бугарски државјанства на Македонците по потекло во Македонија, Албанија, Косово и Србија, под услов со изјава “бугарин по потекло“!

СМК за еднакво виновна за признавањето на “бугарско малцинство“ во Албанија ја смета и Владата на Зоран Заев поради Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бојко Борисов од 1 август 2017 година, според којшто не се признаваат Македонците во Пиринска Македонија односно во Република Бугарија, а се формира комисија за ревизија на јазикот, културата и историјата на Македонскиот народ во целина!

СМК и натаму смета дека се’ додека за Софија, Македонија е дел од Бугарија, Македонците се “бугари“, а Македонскиот јазик е дијалект на “бугарскиот“ јазик, Договорот Заев-Борисов претставува велепредавство на Македонската држава и Македонската нација!

СМК ја повикува Владата на Република Македонија да вложи остар демарш до Владата во Софија, посебно после изјавата на Бугарската Академија на науките дека во Македонија живеат повеќе од 1.100.000 “бугари“, а во Албанија најмалку 100.000 “бугари“ во областите Мала Преспа, Голо Брдо и Гора каде што отсекогаш живееле, живеат и натаму ќе живеат само Македонци по потекло, албански државјани!

СМК потсетува дека во Албанија нема “бугари по потекло“, ниту во Македонија!

СМК и натаму бара од пратениците во Собранието на Македонија да не го ратификуваат Договорот Заев-Борисов, а претседателот на Републиката да не го прогласи со указ Законот за негова ратификација, поради штетните последици по името на државата и идентитетот на нацијата!

СМК апелира до сите Македонци да ги прекинат постапките за прием во бугарско државјанство, а тие што го примиле да се откажат од него поради очигледните манипулации на Владата во Софија по името на државата и идентитетот на нацијата, со изјавата “бугарин по потекло“!

СМК, истовремено повторно од претседателот Ѓорге Иванов бара итно и безусловно помилување на претседателот на единствената македонска партија во Република Албанија – Македонска алијанса за европска интеграција, и градоначалник на единствената македонска општина во Република Албанија – Пустец, Едмонд Темелко, со ослободување од натамошна истражна и судска постапка за делото за кое е обвинет без вина и без докази, поради ризик Владата во Тирана по службеносст да го разреши и да именува повереник во општина Пустец, најверојатно Македонец и со бугарско државјанство, како потврда на фалсификатот за непостоечкото “бугарско малцинство“ кое Тирана под притисок на Софија го призна во Законот за заштита на националните малцинства донесен на 13 октомври 2017 година!

СМК иницира склучување на Договор за траен мир и добрососедство меѓу Македонија и Албанија, како и склучување на Договор за положбата и правата на Македонците во Албанија и на Албанците во Македонија врз основниот принцип на меѓународното право на еднаква сувереност, што подразбира: взаемно почитување и разбирање со сите, соработка по сите прашања од заеднички интерес со сите, немешање во внатрешните работи и на реципроцитетна основа – Што за Албанците во Македонија, тоа за Македонците во Албанија!

Да биде иронијата поголема, во услови кога Софија и Тирана се договорија за преименување на Македонците во Албанија за “бугари“, при Договорот Заев-Борисов со кој Македонија се откажува од Македонците во Бугарија, Македонија го држи во притвор под сомнително обвинение претседателот на единствената македонска партија во Албанија – Македонска алијанса за европска интеграција, и градоначалник на единствената македонска општина во Република Албанија – Пустец, Едмонд Темелко! Поголем срам и злоупотреба на власта во Македонија против Македонците во соседните земји не постои!

СМК ги потсетува Претседателот, Собранието и Владата, дека во согласност со членот 49 од Уставот, Република Македонија е должна да се грижи за положбата и правата на припадниците на Македонскиот народ во соседните земји и за иселениците од Македонија, да го помага нивниот културен развој и да ги унапредува врските со нив! Притворот за Едмонд Темелко и негрижата за агресивното непријателство на Софија против Македонците во Албанија за нивно преименување во непостоечко “бугарско малцинство“ претставува флагрантно кршење на Уставот на Република Македонија!