
Европската комисија (ЕК) денес препорача отворање преговори за членство со Албанија.
“Комисијата денес му предлага на Советот на министри (претставнице на земјите членки) да донесе одлука за отворање преговори за членство со Албанија, изјави денес шефицата на ЕУ дипломатијата Федерика Могерини.
“Одлуката се заснова на проценка на напредокот направен од овие две земји во препораките од 2016 година и серија мерки применети од страна на Тирана. Оваа одлука е охрабрувачка порака за овие земји за да можат да продолжат со реформите”, изјави Могерини.
Според ЕК, политичката ситуација во Албанија се подобрува и покрај долгиот бојкот на опозицијата: Во 2017 година во мај “договорот помеѓу главната владејачка партија и опозицијата овозможи да се продолжат парламентарните активности, со некои промени во изборната законска рамка. Ова придонесе за непречена организација на општите избори во јуни” вели Брисел.
Албанија ја подобрува регионалната соработка и добрососедските односи а Комисијата вели дека се преземени важни чекори за решавање на билатералните прашања со Грција. Албанија, според ЕК, е умерено подготвена во реформата на јавната администрација, има напредок во ефикасноста и транспарентноста на јавните услуги, обуката на државните службеници и зајакнување на процедурите засновани на заслуги. Само така може да се дојде до «поефикасна, деполитизирана и професионална јавна администрација».
И албанскиот судски систем бара уште многу работа но таа работа добро се одвива:
“Спроведувањето на сеопфатна и темелна реформа на правосудството продолжи, што во целост резултираше со добар напредок. Повторното оценување на сите судии и обвинители (процес на проверка) започна и дава први видливи резултати. Овој процес има меѓу-партиска поддршка, го спроведува независен орган, подлежи на меѓународно следење и нејзината компатибилност со Европската конвенција за човекови права е потврдена од Венецијанската комисија”, вели ЕК. И во борбата против корупцијата Албанија има одредено ниво на подготовка, усвоени се измените во кривичната постапка а се воведуваат и “специјализирани антикорупциски тела, вклучувајќи и специјално обвинителство”.
Албанија целосно ја заслужува оваа позитивна препорака, изјави денес Кнут Флекенштајн, известувач на Европскиот парламент за Албанија: “Земјата е влезена во процес на сеопфатна реформа на своето судство и силно ги нагласува своите европски амбиции и го поттикнува напредокот и на другите клучни приоритети. Понатаму, искуството на Албанија со оваа реформа ќе биде корисно и за другите земји во регионот. Јас сметам на Европскиот совет во јуни за понатамошно приближување на процесот на пристапување на земјата. Ова ја обврзува Албанија да го задржи своето ниво на амбиција и да се справи со преостанатите задачи без понатамошно одложување”.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden