Албанија бира ново Собрание, Стерјовски кандидиран од македонскoто малциство 

Република Албанија денеска бира нов состав на Собранието од кое треба да произлезе и новата Влада. Овие избори се важни за земјата и веќе се чуствува напнатoста. Премиерот Еди Рама со Социјалистичката партија бара трет мандат од граѓаните, а неговиот против кандидат, Лулзим Баша прави нов обид како претседател на Демократска партија откако изгуби на минатите избори. Социјалистичкото движење за интеграција која се води од Моника Криемади, сопругата на претседателот на Албанија, Илир Мета.

На овие избори учествува и кандидатот за пратеник на Македонската алијанса за европска интеграција, (МАЕИ) Васил Стерјовски, кој е во коалиција со Социјалистичката партија на Еди Рама. Според официјалните пидатоци, до 11:00 часот се забележува голема излезеност до 20.3% на граѓани кои го искористеле правото на глас. Во првите два часа од отварање на гласачките места, до 09:00 часот излезеноста била до 7%. Собранието на Албанија има 140 пратеници, а потоа тие ја бираат новата Влада.

Advertisement