Албанија: Поплави најкритично во северниот дел

Обилните дождови кои веќе два дена паѓаат во Албанија предизвикале поплави кои направиле големи проблеми во Скадар, Лежа, Ѓирокастро, Елбасан, Драч.

Во Драч се излеале реките Езен и Ишем и ги поплавиле каналите, земјоделските површини, куќите, патиштата и продавниците.

Во Лежa дошло до одрон поради што неколку семејства биле евакуирани, а оштетени се и некои патишта, реката Дрим се излеала од коритото и ја поплавила околината, а моментално под вода се 970 хектари земјиште во Леж и Курбин, додека најтешка е ситуацијата во областа Задрима. Под надзор е вештачкото езеро Каљмен.

Скадар е исто така поплавен, многу куќи и ораници, а патот Обот е во блокада. Во градот нема ни струја поради лошите временски услови. Пријавено е дека пораснало нивото на езерото Скадар на Албанската страна. Во Ѓирокастро патниот сообраќај е во прекин како и во Елбасан каде на неколку места дошло до одрони.

Advertisement