Албанскиот парламент го усвои законот за малцинства, Македонците разочарани

Албанскиот парламент по повеќечасовна расправа доцна вечерва го усвои Законот за заштита на малцинствата. Предлот-законот го подржаа 102 пратеника, 10 беа против и еден возржан. Најгласен против текстот на законот беше пратеникот Вангел Дуле, од грчкото малцинство,кој смета дека законот не во согласност со меѓународните конвенции. Се карактеризира со фобија и сеќавања на Студената војна. Мисијата на овој закон не е исполнета и со некои членови се враќаме назад,-рече Дуле. Со усвоениот закон,за разлика од првичната верзија,со која се признаваа осум национални малцинства Македонци, Власи, Грци, Египќани, Срби, Бошњаци, Црногорци и Роми,внесено е постоењето и на бугарско национално малциснтво.

Незадоволство од ваквиот однос на албанските власти,во изјава за МИА,во име на сите Македонци,искажа претседателот на македонското друштво „Илинден“,Никола Ѓурѓај. Албанските власти се свесни дека грешат,но потклекнаа пред заканите на Бугарија за ставање вето за започнување на преговорите за членство со ЕУ. Во Албанија, според сите пописи на населението, немало бугарско малцинство. Баравме од пратениците да не се прфаќа,зашто тоа не е во интерес само на македонското малцинствотуку исто така е национален интерес на Албанија да не го прифаќа имагинарното бугарско малцинство, бидејќи утре последиците ќе бидат многу сериозни за Албанија,бидејќи за се нешто ќе биде уценувана од Бугарија. Но ете се случи и тоа на што најмалку очекувавме.Ова е геноциц врз Македонците и деформација на историјата и на вистината пред очите на Европа-оценува Ѓурѓај.

И друштвото но и единствената македонска партија,МАЕИ,остро реагираа и бараа да не се прзинава бугарско малцинство,зашто„во Албанија единствено живеат Македонци а не Бугари“. Неодамна шефот на дипломатијата Дитмир Бушати го отфрли барањето за признавање бугарско малцнство во неговата земја,велејќи дека ова поглавје е завршено и оти поседувањето пасош на друга држава не значи и етнички идентитет. -Многу Албанци имаат италјански пасоши.Тоа не значи дека Италија треба да бара свое национално малцинство во Албанија,- рече Бушати

Advertisement