Амбасадорот на Македонија ги презентираше акредитивите во Малта

 

pr170929a

Амбасадорот Шамбевски ќе ја покрива Малта, како прв нерезидентен Амбасадор, преку Амбасадата на Република Македонија во Рим. Во разговорот, по церемонијалниот дел, Претседателката Прека и Амбасадорот Шамбевски изразија задоволство од неодамнешното воспоставување дипломатски односи меѓу двете земји.

Разменија мислења за правците во кои се планира да се развива билатералната соработка, преку заокружување на договорната состојба меѓу двете земји, интерес и поддршка за Македонските државјани во Малта, и особено за поддршката на Малта за членството на РМ во ЕУ. Беше разговарано и за учеството на Република Македонија во рамки на настаните “Валета европски град на културата за 2018.”.