Author Archives: Весник Илинден

Министерот Муцунски ја претстави Националната стратегија за соработка со дијаспората 2025–2030

Денес во свечената сала на Владата, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, го претстави предлог-текстот на новата „Национална стратегија за соработка со дијаспората 2025–2030“, како петгодишен план за развој на соработката со претставниците од дијаспората, иселениците и припадниците на македонското национално малцинство. „Денес не претставуваме само документ. Денес ја претставуваме нашата обврска, нашата зрелост и нашата одлучност ...

Read More »

Македонија: Мисајловски денес имаме најголем број на офицерки во историјата на Армијата (ВИДЕО)

Цврсто веруваме во родовата еднаквост и затоа една од најпрепознатливите политики и стратешки приоритети во Министерството за одбрана и во Армијата е правичната родова застапеност и создавањето еднакви услови за развој во кариера и за жените и за мажите, рече во видео обраќање министерот за одбрана, Владо Мисајловски. Ентузијазмот, професионалноста и посветеноста на сите жени и мажи во Министерството и ...

Read More »

Словенија ќе ги признава македонските возачки дозволи без практичен испит

Словенија усвои измени на Законот за возачи, со кои на сопствениците на возачки дозволи издадени во Македонија им се овозможува замена на документот без полагање на практичниот дел од испитот, под услов да имаат регулиран престој во Словенија. Оваа одлука, донесена вчера, претставува значително олеснување за македонските граѓани кои живеат и работат во Словенија, а исто така важи и за ...

Read More »

Големо чествување на делото на Раде Силјан во Хрватска

Униврзитетски професори, академици, хрватски македонисти, писатели, дипломати, уметници, новинари, студенти, ученици и членови на македонската заедница, во Загреб, заеднички, на највисоко ниво го чествуваа делото на еден од најзначајните македонски и јужнословенски поети на денешницата, Раде Силјан. Салата на централната загрепска библиотека „Богдан Огризовиќ“, вчера, на денот кога пред 86 години е објавена Рациновата „Бели мугри“, беше исполнета до последното ...

Read More »

Централниот Совет на Македонците во Германија ја поддржува кандидатурата на Тони Менкиноски за судија во ЕСПЧ

Централниот Совет на Македонците во Германија ја поддржува кандидатурата на Тони Менкиноски за судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСПЧ). Изборот на новиот судија од Македонија ќе се одржи во јануари 2026 година преку Парламентарното собрание на Советот на Европа, по завршување на деветгодишниот мандат на актуелниот судија. Господинот Менкиноски има долгорочно искуство во областа на меѓународното и уставното право и примената ...

Read More »

Во антитерористичка акција во Албанија уапсени две лица

Албанската полиција по 12-часовната операција, која наиде на отпор од две лица осомничени за извршување терористички акти, ги уапси истите а во објектот каде се криеле открила и оружје, муниција и знамиња на терористичката организација ИСИС, објави Топ чанел, повикувајќи се на полициско соопштение. Во акцијата „Орош“ спроведена во селото Орош, кај Мердита во северниот дел на земјата, освен полициските ...

Read More »

„Македонска поетика и стилистика“ и на Универзитетот во Загреб

По промоциите на универзитетите во Мадрид, Париз, Задар, Бања Лука и Скопје, колективната монографија „Македонска поетика и стилистика“ подготвена од македонски тим истражувачи, вчера беше претставена и на Универзитетот во Загреб. Ова капитално дело веќе е во фондот на загрепските библиотеки и ќе биде дел од наставата на загрепскиот Филозофски факултет. Како што беше истакнато од предавачите по македонистика на ...

Read More »

Албанија: Илјада домови потопени, една жртва, цели градови под вода

Во Албанија поплавите го погодија северот и југот, едно лице загина. По обилните дождови што ја погодија Албанија, околу 1.000 домови и над 1.500 хектари земјоделско земјиште се поплавени, стотици семејства беа евакуирани, а регистрирана е една жртва. Најпогодени се регионите Лежа, Пешкопеја, Фиер, Берат, Корча, Ѓирокастро и Валона, каде што речните текови и дождовите предизвикаа оштетувања на мостови и ...

Read More »

Албанија: Во селото Орош голема антитерористичка операција на полицијата и специјалните сили

Во селото Орош, во општина Мирдита на северот од Албанија, во тек е голема антитерористичка операција на албанската полиција и специјалните сили, јавуваат локалните медиуми. Според top-channel, куќа во тоа село е опколена од утрото. Полицијата од градот Пука и специјалната единица за неутрализација на вооружени елементи – единица на албанската полиција задолжена за најопасните и најсложени акции се на терен. ...

Read More »

Медицинскиот медицински симулациски центар станува партнер на европскиот цовет за ресусицитација

Од 13-18 Октомври, во организација на Медицинскиот симулациски центар, а во соработка со Европскиот Совет за Ресусцитација, се одржа тренинг обука за Основно и напреднато одржување во живот (АЛС и БЛС). На оваа обука, најголема од овој вид досега во Македонија, 39 доктори и медицински сестри од итната медицинска помош од 24 општини во државата, беа обучени во согласност со ...

Read More »