Author Archives: Весник Илинден

Германија не е дел од војната со Иран, вели Мерц

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави за време на посетата на Норвешка дека неговата земја не учествува во војната со Иран, објавија британските медиуми. Германија не е дел од оваа војна во Иран и ние не сакаме да учествуваме во неа – рече Мерц. Запрашан за стратешки важниот Ормуски Теснец, канцеларот рече дека нема причина да се разгледува обезбедувањето воена заштита ...

Read More »

Американските разузнавачки служби сметаат дека владата на Иран не е во опасност од колапс и покрај нападите

Проценките на американските разузнавачки служби сугерираат дека раководството на Иран останува во голема мера недопрено и не е во опасност од колапс во скоро време, по речиси две недели немилосрдно бомбардирање од САД и Израел, според три извори на Ројтерс запознаени со ова прашање. „Многу разузнавачки извештаи даваат „доследна анализа дека режимот не е во опасност“ од колапс и дека ...

Read More »

Нова изворна песна на Бајрам Мемиши „Желај бре билбил“ од областа Гора (ВИДЕО)

Бајрам Мемиши од областа Гора, Албанија, компонираше нова изворна песна со наслов „Желај бре билбил“. Текстот на песната го напиша неговиот син Шклзен Мемиши, додека песната ја изведува самиот Бајрам Мемиши. Бајрам Мемиши, заедно со своите синови, ја сочинува познатата музичка група која изведува изворни македонски песни од областа Гора во Албанија. Оваа група е една од најбараните во регионот, ...

Read More »

Колумна на Елви Сидери: Албанците и Македонците, еден постојан соживот

Елви Сидери, писател и повеќејазичен книжевен преведувач од Тирана    Ако ги погледнеме историските анали, античките Илири и Македонци, особено преку Епирците, во повеќето случаи биле на иста страна во битките и развојот на нивните цивилизации, блиску до хеленскиот и римскиот свет. Во суштина, тие ги зачувувале своите оригинални карактеристики и обичаи, навистина сложени, но сепак сосема различни од нивните ...

Read More »

Владата организираше ифтарска вечера, момент на заедништво и почит (ФОТО)

Премиерот Христијан Мицкоски објави дека во духот на овие вредности, вечерта ја поминале во топла атмосфера, разговарајќи, градејќи пријателства и потврдувајќи дека почитта и соживотот се темел на нашето општество. Владата вечерва организираше ифтарска вечера, момент на заедништво, почит и духовна поврзаност. На ифтарската вечера присуствуваше целиот државен врв, министри, верските лидери. Премиерот Христијан Мицкоски објави дека во духот на ...

Read More »

Гасниот интерконектор со Грција напредува: Завршени 96% од експропријацијата на земјиштето

Проектот за изградба на гасниот интерконектор со Грција влегува во нова фаза на реализација. Завршени се 96% од постапките за експропријација на земјиштето долж трасата на гасниот интерконектор со што се создаваат и услови за влез во следните активности на терен, потврдуваат од државната компанија НОМАГАС. Станува збор за значаен чекор во развојот на еден од најважните енергетски инфраструктурни проекти ...

Read More »

Стентон Градба гради нов индустриски капацитет на Brainchild во ТИРЗ Жабени – Битола

Во ТИРЗ Жабени – Битола е во тек изградбата на нов производствен објект на компанијата Brainchild, а изведбата на проектот ја реализира градежната компанија Стентон Градба, која е ангажирана на терен во спроведувањето на оваа значајна индустриска инвестиција. Станува збор за објект за лесна и незагадувачка индустрија, односно капацитет од текстилната индустрија, лоциран во КО Породин, во рамки на јужната индустриска зона Жабени. Локацијата овозможува поволна ...

Read More »

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија досега евакуирани 380 македонски државјани од Блискиот Исток и 78 странци

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија преку дипломатско – конзуларните преставништва и дежурниот телефонски број и понатаму останува на располагање на македонските граѓани во кризните региони. Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија информира дека досега се реализирани четири организирани летови за евакуација на граѓани од регионот на Блискиот Исток, со кои се превезени вкупно ...

Read More »

Парламентарно мнозинство го отфрли барањето на СПАК, за одземање на пратеничкиот имунитет на поранешната вицепремиерка и министерка за инфраструктура и енергетика, Балуку

Со 82 гласа против албанското парламентарно мнозинство одлучи да го отфрли барањето на Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал (СПАК), за одземање на пратеничкиот имунитет на поранешната вицепремиерка и министерка за инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку, со цел нејзино апсење. Веднаш по гласањето опозициските пратеници, почнаа да удираат на собраниските клупи а потоа ја блокираа говорницата, држејќи плакати на ...

Read More »