Author Archives: Весник Илинден

Претседателот Ердоган ги посети Турците во областа Западна Тракија во Грција

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган изјави дека Турците во областа Западна Тракија претставуваат мост меѓу Турција и Грција. Ердоган после официјалните разговори во Атина допатува во посета на градот Ѓумулџине (Комотини) каде во џамијата Кирмахала клањаше џума намаз. Нешто потоа претседателот Ердоган им се обрати на насобраните граѓани. Во говорот претседателот Ердоган им честита на Турците од овој регион на Грција ...

Read More »

Претседателот на Република Македонија освари средба со Принцот на Монако

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, во рамките на 10. меѓународен форум „Мир и спорт“ во Монако оствари средба со Неговото Височество Принцот Алберт Втори, кој е покровител на Форумот. Претседателот Иванов упати честитки до Принцот Алберт Втори за 10. годишниот јубилеј на форумот и признание за неговиот ангажман и заложби за афирмирање на спортската култура во европски и ...

Read More »

Скопје и Тирана ќе ја продлабочуваат соработката

  Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, по средбата со неговиот домаќин во Тирана, Ерион Велиај, оцени дека започнува ера на продлабочување на соработката меѓу двата главни града на Македонија и Албанија. Како што информираат од кабинетот на градоначалникот на Тирана, Велиај и Шилегов разговарале за можностите за воведување на повеќе олеснувања за граѓаните на двете страни од границата. На средбата ...

Read More »

Културно уметничкото друштво “Аминта” во Италија успешно дејствува две години

Културно уметничкото друштво “Аминта” веќе се движи кон професионална насока, на ред е организација околу изучување на македонскиот јазик!! Агенцијата за иселеништво од Р.Македонија ни испрати учебници, сега сме во фаза на планирање како би функционирало тоа, велат од Аминта. Во повеќе наврати јавно им се заблагодаривме на нашите соработници од Агенцијата за иселеништво, тоа ќе го направиме и сега, ...

Read More »

Архиерејска Литургија во чест на патронот на Македонската православна црква Св. Климент Охридски

На денот кога Македонската православна црква си спомнува за својот молитвен заштитник пред Бога – Св. Климент Охридски, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во сослужение на митрополитите Преспанско – пелагониски и администратор Австралиско – новозеландски г. Петар, Повардарски г. Агатангел, Брегалнички г. Иларион, Тетовско – гостиварски г. Јосиф и епископот Хераклејски г. Климент отслужи Архиерејска Литургија во Соборниот храм ...

Read More »

Честитка од претседателот Иванов по повод државниот празник 8 Декември – Свети Климент Охридски

  Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод празникот Св. Климент Охридски упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан. Ваше Блаженство, Дозволете ми, од свое име и од името на граѓаните на Република Македонија, Вам лично, на членовите на Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква – Охридска ...

Read More »

Кој е Едмонд Темелко претседател на Македонска Алијанса за Европска Интеграција (МАЕИ)

Мала Преспа или Долна Преспа, како Преспанци ја нарекуваат, е географска област покрај југозападниот брег на Преспанското Езеро. Целата област се состои од десетина села коишто се организирани во Општината Пустец. Селото Пустец, пак, е најголемата населба, а истовремено е и седиште на општината, чиј градоначалник и сите членови на советот на оваа, за жал, единствена македонска општина се етнички ...

Read More »

Супер радио носител на Повелбата – Патрон на градот „Св. Климент Охридски“ : 25 години раст заедно со својот град

Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија од пристигнатите пет апликации одлучи проф. д-р Ангела Крстаноска – Василевска и Супер радио, да бидат добитници на Повелба – Патрон на градот „Св. Климент Охридски“ за 2017 година. Во образложението на комисијата стои дека Супер радио неодамна го одбележа јубилејот 25 години и дека е препознатлив бренд на ...

Read More »

Потпишан Меморандум за соработка меѓу Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” и Sophia University Јапонија

На 28-ми ноември 2017 година беше потпишан Меморандум за соработка меѓу Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” и Sophia University со седиште во Токио, Јапонија. Меморандумот за соработка беше потпишан од  ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” проф. др. Никола Јанкуловски, од првиот резидентен амбасадор на Република Македонија во Јапонија Н. Е. др. Андријана Цветковиќ, како и од проф. др. ...

Read More »

Промовирана бесплатна електронска верзија на Правописот на македонскиот јазик

  Денес на одбележувањето на 73 години од формирањето на Националната и универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“- Скопје, една од најстарите и најзначајните културни и образовни установи во земјава, министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски ја промовираше електронската верзија на Правописот на македонскиот јазик, која e леснo и бесплатно достапна на адресата правопис.мк (www.pravopis.mk) на Интернет. Министерот Алаѓозовски објави дека Владата на Република ...

Read More »