Во август рекордна фрекфенција на граничниот премин Требиште – Џепиште

 

Во текот на месец август забележана е рекордна фрекфенцијата на патници и возила на граничниот премин Џепиште -Требиште кај областа Голо Брдо, Дебар. Тоа како резултат на подобрената патна инфраструктура од двете страни на границата, претходно во просек минуваат по педесеттина лица. Споредено со „Блато“ тука има помала фрекфенција бидејќи станува збор за граничен премин кој волетниот период работи секој ден од 8 до 20 часот. Oбични денови фрекфенција е над 200 лица, а за викенд над 300 лица, кои главно одат во Дебар, Струга, Охрид, заради пазарување, веселби кај роднини – посочуваат од Македонска граничната полиција, Регионалниот центар-Запад.

Граничен премин Требиште – Џепиште во областа Голо Брдо со одлуката донесена на заедничката седница на Владите на Македонија и Албнија одржена декември 2017 година во Поградец, граничниот премин Џепиште – Требиште во областа Голо Брдо ќе работи 24 часа и не како до сега беше локлна граница.

Граничен премин Требиште – Џепиште ќе работи 24 часа тоа е од голем интерес за Македонците од областа Голо Брдо, и ќе се зголеми фрекфенција бидејќи сега работи со ограничено време и им создаваше проблеми во комуникацијата и патувањето за Македонија. Македонско друштво “Илинден”-Тирана од 2009 година кога е формирано друштвото барал од двете влади задоволни сме од позитивната одлука. – изјавува Никола Ѓурѓај за Македонски весник “Илинден”.