Author Archives: Весник Илинден

САД побараа од новата влада во Тирана да преземе брзи реформи против криминалот

  САД побараа од новата влада во Тирана да преземе брзи реформи, да реализира брза борба против криминалот, како и расчистување со корупцијата во администрацијата. Во 20-минутниот телефонски разговор на државниот секретарот на САД, Рекс Тилерсон, со премиерот Еди Рама, американскиот секретар, според Кабинетот на Рама, нагласил дека неоходни се брзи реформи и пресметка со криминалот и корупцијата во сите сфери. „Со оглед дека на ...

Read More »

Реал Мадрид: Објави видео на својот “Jутјуб” канал ги претстави убавините на Скопје

Освојувачот на Лигата на шампионите објави видео на својот “Jутјуб” канал со кој ги претстави убавините на Скопје. “Кралевите” важат за фаворите на вечерашниот дуел во македонската престолнина против Манчестер Јунајтед и се дојдени во Македонија да победат.  

Read More »

УЕФА: Благодарност до Македонија: Бевте фантастични домаќини на Суперкупот 2017

Европската фудбалска куќа се заблагодари до Македонија за организацијата на европскиот Суперкуп – натпревар помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунатјед кој вечерва беше одигран на „Телеком Арена“ во Скопје. Првите лица на ФИФА и УЕФА, Џани Инфантино и Александар Чеферин по завршувањето на спектаклот во Скопје, упатиле благодарност до премиерот на Република Македонија – Зоран Заев и претседателот на ФФМ, ...

Read More »

Мозаик со ликот на Александар Македонски пронајден во Израел

Откритието е уникатно од аспект на тоа што е единствен пример на сцена неповрзана со библијата да се наоѓа во античка синагога. Извонреден мозаик кој прикажува средба меѓу Александар Македонски и еврејски свештеник е откриен во синагога од 5-тиот век во старо еврејско село наречено Хукок. Ова е првпат сцена која не е поврзана со библијата да биде откриена во ...

Read More »

Македонско оро пред мечот меѓу Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид

Отворањето на натпреварот меѓу Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид им припадна на играорците од Танец, кои со прекрасна кореографија го претставија македонското традиоционално оро, а се вееја и македонски знамиња. По нив, децата со оштетен слух од училиштето „Партение Зографски“ на знаковен јазик ја изведоа „Sky full of stars“ од Колдплеј. Реал Мадрид како актуелен европски првак и Манчестер јунајтед ...

Read More »

Состојбата со пожарите во Албанија драматична

Албанската министерка за одбрана Мими Кодели денеска изјави дека ситуцијата со пожарите во Албанија е драматична, поради временската стуација со високи температури и недостиг на дождови. Ситуацијата е драматична, но не само во Албанија, туку низ цела Европа. Временската состојба е вон нормалата, поради премногу високите температури и недостигот на дождови. Министертвото за одбрана и Владата, се максимално ангажирани во справување ...

Read More »

Полицијата бркаше глисер со марихуана во Јадранско море (ВИДЕО)

Италијанската полиција со помош на албанските и црногорските колеги уапсила двајца Албанци и запленила два тони марихуана по бркотница на глисер во Јадранското море. За време на операцијата „Тритон“, италијанските хеликоптери и патролни чамци откриле глисер кој пловел кон италијанските територијални води. Шверцерите на марухуана ја фрлале дрогата во море за да го олеснат глисерот и да и избегаат на ...

Read More »

Локалните избори се распишани граѓаните ќе избираат локална власт на 15 октомври

Граѓаните ќе избираат градоначланици и локални совети на 15 октомври. Преседателот на собранието повика на одговорно однесување за време на изборната кампања на сите учесници. Апелирам со сите учесници во изборниот процес да се однесуваат во согласност со Уставот и законите, а надлежните институции да се погрижат денот на изборитеда протече во мирна, демократскаи фер атмосфера, како што заслужуваат граѓаните. ...

Read More »

Вардар противник на Фенербахче

Со елиминирањето на Штурм Грац од УЕФА Лига Европа, екипа на вардар стана наредниот противник на Фенербахче. Турскиот ФК Фенербахче по елиминирањето на Штурм Грац во третото коло на квалификациони натпревари на УЕФА Лигата Европа, с пласираше во плејофот. Првите елиминациони натпревари за плејофот на УЕФА Лигата Европа ќе се одиграат на 17, а реванш натпреварите на 24 август.

Read More »

Лидерот на партијата на Македонците во Грција тврди: Бугарија си даде автогол

Лидерот на партијата на Македонците во Грција Павле Воскопулос го искоментира членот 11 став 5 од договорот со Бугарија. ”Република Македонија потврдува дека ништо од нејзиниот Устав не може и не треба да се толкува дека претставува или некогаш ќе претставува основа за мешање во внатрешните работи на Република Бугарија, со цел заштита на статусот и правата на лица што не ...

Read More »