Author Archives: Весник Илинден

Состанок на Партнерската Комисија на САД -Јадранската Повелба

  Министрите за надворешни работи на земјите членки на Повелбата за партнерство меѓу Македонија, Албанија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина и САД, и набљудувачите Словенија, Србија и Косово, денес во Скопје, учествуваа на состанокот на Партнерската Комисија. Со состанокот претседаваше министерот за надворешни работи Никола Димитров. Министрите за надворешни работи разменија мислења за актуелната политичка состојба во Регионот и ...

Read More »

Италијанската полиција разби нарко банда

Италијанската полиција разби нарко банда на шверцери од Елбасан кои дрогата ја носеле од Албанија за Италија. Најчесто работеле во северна Италија, а шверцувале хероин и кокаин. Дрогата пристигнувала во Италија преку модифицирани возила опремени со радио опрема за следење, а за возење врбувале сиромашни лица без криминално досие.

Read More »

Голманот на Вардар Штербик прогласен за најдобар ракометар на светот 

Голманот на македонскиот ракометен клуб Вардар, Апард Штербик, е прогласен за најдобар ракометар на светот за 2017 година од страна на специјализираниот ракометен сајт „Handball planet“, во гласање во кое биле вклучени 30 новинари од 27 земји, како и од повеќе од 100 илјади посетители. Штербик одигра извонредна сезона со Вардар и имаше голема заслуга за историската прва титула во ...

Read More »

Претседателот на Република Македонија Иванов свечено ја отвори македонската Амбасада во Бразил

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, во рамки на официјалната посета на Бразил, свечено ја отвори Амбасадата во Бразил, што претставува прва македонска Амбасада во Латинска Америка. Отворањето на македонската Амбасада во Бразил претставува почеток на ново пријателство и соработка меѓу двете земји, порача претседателот на Република Македонија на свеченото отворање на македонската амбасада во Бразилија. Претседателот Иванов изрази ...

Read More »

Сто илјади евра помош од Македонија за настраданите во поплавите во Албанија

  Владата на Република Македонија на седницата одржана на 11.12.2017 година донесе одлука да одвои 6 милиони денари или 100.000 евра финансиска помош за настраданите граѓани во Албанија во поплавите што се случија минатиот месец. На претходната седница Владата донесе одлука да ѝ испрати хуманитарна помош на Албанија.Во поплавите загина едно лице, а илјадници куќи беа уништени. Под вода беа ...

Read More »

ОМД му препорача на МНР: Фејсбук и твитер профили за секоја дипломатска мисија

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) со задоволство го претставува својот извештај за „Состојбата на македонската дипломатија во споредба со остатокот од Западниот Балкан, Грција, Естонија и земјите од Вишеградската четворка“ во авторство на стажистот на ОМД за меѓународна политика и дипломатија, Остин Долер. Кликнете ОВДЕ за да го симнете целосниот извештај. Помеѓу октомври и декември 2017, Долер истражуваше и подготви извештај за моменталниот ...

Read More »

Тодор Петров: Ќе се кандидирам на следните претседателски избори

Тодор Петров Претседател на Светскиот Македонски Конгрес вечерва во „Само вистина“ на Канал 5 изјави дека сѐ уште има амбиции да биде претседател на Република Македонија. „Можеби ќе се кандидирам на следните претседателски избори во 2019 година. Јас не сум член на ниедна политичка партија. Можеби ќе бидам независен кандидат, можеби и со поддршка на некоја партија“ – вели Петров.  

Read More »

Бронзен медал за Мила Ивановска на Меѓународната олимпијада по природни науки во Холандија

Мила Ивановска  ученичка во прва година во гимназијата Јосип Броз Тито освои бронза на Меѓународната олимпијада по природни науки  што се одржува во Холандија. Таа е единствена од шесте натпреварувачи од Македонија која ги помина тестовите по физика, хемија и биологија. Со бронзен медал на Меѓународната  јуниорска олимпијада за деца до 16 години IJSO-2017  Холандија, се закити нашата битолчанка  Мила ...

Read More »

Првата самостојна изложба на младата Сара Длака

Првата самостална изложба на младата уметница од Лабин, Хрватска е отвопрена на 06.12.2017 година во Галеријата „КО-РА“ во Скопје, Македонија. На изложбата има претставено 15 творби во бакропис, линорез и комбинирана техника. Сара Длака е родена 1987 година во Пула, Хрватска, по мајка е Македонка се Завршила Средно училиште за примената уметност и дизајн – одсек сликарски дизајнер во Пула. ...

Read More »

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски оствари средба со амбасадорот на Кралството Норвешка Арне Санес Бјорнстад

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, оствари средба со амбасадорот на Кралството Норвешка, Арне Санес Бјорнстад. На средбата се разговараше за актуелната состојба во државата и стратешките интереси на Република Македонија. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Груевски посочи дека власта спроведува политички прогон и реваншизам врз сите оние кои различно мислат. Доказ за тоа се и приведените за настаните од 27 април кои ...

Read More »