Шпанската полиција со гумени куршуми и палки се обидува да го прекине гласањето на референдумот за независност на Каталонија. Досега 465 гласачи и демонстранти се повредени бранејќи ги избирачките места кои полицијата се обидува да ги затвори. Каталонскиот претседател Карлос Пучдемон ја осуди агресијата на шпанската полиција против мирните гласачи. Портпаролот Турул ја нарече полициската акција „срамот на Европа“. Според ...
Read More »Author Archives: Весник Илинден
Топченал снимаше репортажа за Македонците во Мала Преспа
Националната телевизија, Топченал снимила репортажа за Мала Преспа, за тоа како Македонците живат во овој дел од Албанија. Екипата направи неколку интервјуа со жителите на Пустец и на други села во Мала Преспа.
Read More »Рама: Најави длабоки реформи во албанското МВР
Премиерот Еди Рама најави чиститки во полицијата, истакнувајќи дека акциите кои ги презеде полицијата во градот Елбасан, околу пресметката со инволвираните полициски работници во криминални дејствија ќе продолжи. ,,Има податоци дека има полициски структури кои се поврзани со криминогени банди во Елбасан, но и други градови, и чистката во полицијата ќе биде максимална“ рече Рама, во својот говор во Собранието, ...
Read More »Металург прва победа во Лигата на шампионите
Иако настапи со најмладиот состав во досегашниот тек на сезоната, Металург прикажа одлична игра и го совлада Спортинг Лисабон, за прва радост на бројните навивачи. За разлика од средбата со Бешикташ, Металург денеска одигра зрело и не му даде никаква шанса на солидниот противник. Нашите млади ракометари покажаа дека се способни да ја надминат резултатската криза во која влегоа со ...
Read More »Началникот на ГШ на АРМ оствари средба со нерезидентно одбранбено аташе на Република Албанија за Република Македонија
Началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски оствари работна средба со полковник Ахмет Лека, нерезидентно одбранбено аташе на Република Албанија за Република Македонија. На средбата генералот Величковски изрази честитки за поставувањето на бригадниот генерал Бардил Колчаку за нов НГШ на вооружените сили на Албанија, воедно на полковникот Лека му посака успешно извршување на задачите на новата должност. На средбата ...
Read More »Косовски пратеници се степале во емисија што се емитувала во живо (ВИДЕО)
Тепачка помеѓу пратениците Фрашери Красниќи од движењето „Самоопределување“ и Малим Зека од движењето „Нисма“ пред телевизиските камери, пренесе РТС. Пратениците од косовскиот парламент се степале за време на гостување на приштинска телевизија. Фрашери неколку пати го удрил Зека во лице, а водителот се обидел да ја смири тепачката.
Read More »Духовна академија по повод 50-годишнината од автокефалноста на МПЦ – ОА
Ништо наше не траело толку долго и не било толку плодоносно и спасоносно како Охридската архиепископија. Израсната врз проповедта на Светиот Апостол Павле, надградена врз темелите на Јустинијана Прима, утврдена врз мисијата на светите браќа Методиј и Кирил и врз просветното и пастирско дело на Светите Климент и Наум. Цели осум столетија од времето на Цар Самоил, па и ...
Read More »Инфлацијата, буџетската рамнотежа и надворешниот долг на Балканот
Балканските земји од аспект на макроекономските нерамнотежи покажуваат одредени сличности покрај тоа што се разликуваат од аспект на нивото на просперитетот. Особено факторите во врска со салдото на тековната сметка, буџетското салдо и надворешниот долг, продолжуваат да важат за заеднички проблеми на економиите на Балканот. Во првата половина на 1990-те години сите балкански земји го испробаа искуството на хиперинфлација освен ...
Read More »Македонската Алијанса го поздравува предложениот Закон за заштита на малцинствата во Албанија
Македонската Алијанса го поздравува предложениот Закон за заштита на малцинствата во Албанија. Конечно, притисокот на ЕУ дава резултати. Се разбира овој Предлог-закон е плод на неуморната демократска борба на Македонското Друштво „Илинден“ од Тирана на Никола Ѓурѓај и Македонската Алијанса за Европска иднина на Едмонд Темелко. Македонската Алијанса очекува Предлог-законот да биде изгласан во итна постапка и без амандмански интервенции во текстот. Со ...
Read More »Реакција на Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана oгранок Голо Брдо по повод информацијата за телефонскиот разговор меѓу Рама и Борисов
Македонско друштво “Илинден”- Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана oгранок Голо Брдо ја известува јавност за се поагресивниот настап на бугарската политика во однос на „побугарување“ на македонското национално малцинство во Албанија. Имено, според министерот за надворешни работи и европски прашања Дитмир Бушати ги информирал пратениците за нацрт-законот закон што треба да ги регулираа правата на малцинствата. Со новиот нацрт-закон се ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden