Сообраќајот е нераздвоен дел од нашето секојдневие. Патиштата и пругите се артериите на нашата економија, без кои економскиот напредок е незамислив. Но, покрај бројните економски придобивки, сообраќајот носи и одредени ризици по безбедноста на неговите учесници – возачите, патниците и пешаците. Веќе 55 години со овој сериозен предизвик се бори Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот. Пред малку чувме дел ...
Read More »Author Archives: Весник Илинден
Германија и отпиша долг на БиХ во висина од 12,8 милиони евра
Германската Влада го отпиша долг на БиХ во висина од 12,8 милиони евра, соопшти Амбасадата на Германија во Сараево. Услов за отпишување на долгот беше Владата на Федерацијата на БиХ да го ренатурализира подрачјето околу рудникот во близина на Мостар и Владата на Република Српска 20 отсто од долгот од сопствени средства да инвестира во водоснабдување и собирање на отпадните ...
Read More »Грција ја поддржува унитарноста на Република Македонија
Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас синоќа упати предупредување против оние кои „размислуваат и сонуваат за дестабилизација на Балканот“ и менување на границите. Грција – и ова, исто така, се однесува на нашиот северен сосед – е цврсто во корист на стабилноста во регионот. Ние сме цврсто во корист на унитарноста на Македонија, ние сме единствените кои дури ни ...
Read More »Денеска се одбележуваат 114 години од смртта на Македонскиот револуционер Гоце Делчев
Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно национално ослободително движење во крајот на XIX и почетокот на XX век. Бил рожба на својата епоха, кој го изразувал стремежот на македонскиот народ за ослободување од отоманското ропство. Загина во предвечерието на Илинденското востание на 4 мај 1903 година во ...
Read More »На турско-бугарската граница запленети 775 килограми хероин
Турската полиција на границата меѓу Турција и Бугарија заплени 775 килограми херон, заплена од страна на турските власти. Како што јави БТА, дрогата е откриена во камион со ирански регистарски таблички кој патувал од Турција кон Бугарија. Со камионот се превезувале две лица, ирански државјани, кои се задржани во притвор во Едрене. Еден од приведените е син на сопственикот на ...
Read More »Македонците во Јабука организират панахида за Гоце Делчев
Во организација на ЗГМНЗ „Илинден Јабука“ а под покровителство на Националниот совет на македонската национална заедница во Србија, на 04-ти мај 2017 година ќе се одржи Панахида за Гоце Делчев и во таа прилика ќе се положи цвеќе и ќе се одаде почит на нашиот револуционер и учител. Ги покануваме сите заинтересирани организации и поединци да земат учество во оваа Панахида. ...
Read More »ОМД: Дејствувањето на Конгресната Група за Македонија е од витално значење за зацврстување на Американско-Македонските односи
Обединета Македонска Дијаспора (ОМД) ги поздравува напорите на Конгресната група за Македонија и Македонските Американци (во понатамошниот текст дефинирани како “Македонската Група”), кои се од клучно значење за зацврстување на Американско-Македонските билатерални и стратешки односи. Над 30 членови на Конгресот кои вклучуваат Републиканци и Демократи, се дел од Македонската група, чија идна посета на членовите во Македонија како основа ...
Read More »Победата на Реал против Атлетико
Кристијано Роналдо му донесе голема победа на Реал во дуелот против градскиот ривал Атлетико. Португалецот беше стрелец на сите три гола за „кралскиот клуб“ во првиот полуфинален меч од Лигата на шампионите во кој Реал го победи Атлетико со 3-0. Првиот гол Роналдо го постигна во 10. минута, по уфрлувањето на Касемиро. Во најголемиот дел од првото полувреме Реал ...
Read More »Русите сакаат Путин повторно да биде избран за претседател
Повеќе од 60% Руси сакаат претседател на Русија по изборите во 2018 година да остане Владимир Путин, велат резултатите од анкетата на „Левада-Центар“. Според податоците од истражувањето, 64% од анкетираните Руси се залагаат Путин „повторно да биде избран“ за шеф на руската држава. Нов човек на функцијата претседател сакаат да видат 22% од испитаниците. Истовремено, 19% од учесниците во ...
Read More »Министерството за надворешни работи на Турција чувствува загриженост од политичката криза во Македонија
Турското министерство за надворешни работи соопшти дека чувствува загриженост од политичката криза во Република Македонија. Во писменото соопштение издадено од Министерството за надворешни работи на Турција се истакнува дека во Република Турција веќе извесен период се чувствува загриженост поради долгата криза која продолжува во Македонија, со која Република Турција негува добри и пријателски односи уште од времето на нејзиното ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden