Author Archives: Весник Илинден

Косовската полиција го уапси аналитичарот Фатмир Шехоли за шпионажа во корист на Србија

Полицијата во тесна соработка со Агенцијата за разузнавање (АКИ) и Јавното обвинителство, денес го уапси Фатмир Шехоли под основано сомнение за вмешаност во шпионажа. Министерот за внатрешни работи, Џелал Свечла, изјави дека случајот ќе се третира со највисок институционален сериозитет, бидејќи претставува едно од најтешките дела против безбедноста и уставниот поредок на Република Косово. „Очекувам сериозен институционален третман на овој ...

Read More »

Крај за државјанство по три години во Германија

Од 2024 година, под одредени услови беше можно да се добие германски пасош по само три години. Сега т.н. „турбо натурализација“ е укината. Тоа го радува министерот за внатрешни работи Александар Добринт. Странец кој подолго време живее во Германија и сака да добие германско државјанство, до јуни 2024 година мораше да биде прилично трпелив – најмалку осум години регулиран престој. Таквиот долг период на чекање значително го скрати тогашната влада ...

Read More »

Уставниот суд го поништи претседателскиот декрет и ги поништи изборите во Тирана

Уставниот суд го поништи претседателскиот декрет за изборите на 9 ноември во Општина Тирана. Одлуката дојде откако Уставниот суд беше повикан од Ерион Велиај, кој поднесе жалба на одлуката за негово разрешување од функцијата градоначалник на Тирана. Како резултат на тоа, изборите во Општина Тирана се суспендирани. Оваа одлука не влијае на другите 5 општини каде што ќе се избираат ...

Read More »

Институционализиран говор на омраза кон Македонците во Бугарија

Некои аспекти кон опсервацијата на македонскиот активист Атанас Кирјаков од OMO „Илинден“ во врска со антимакедонските наративи во бугарската јавност Јазикот на омраза е толку длабоко навлезен во јавниот простор, што секоја пројава на македонски идентитет во пиринскиот крај се стигматизира како „предавство“, „антинационално однесување“ или „надворешна провокација“. Причини за оваа омраза се страв од различност и идентитетска несигурност: За ...

Read More »

Покрената Иницијатива за заштита на македонскиот рубин

Министерство за енергетика поднесе Иницијатива за заштита на македонскиот рубин. Како што информира денеска министерката Сања Божиновска, целта е рубинот да добие официјален статус како национално минерално наследство и правна заштита на потеклото. Овој рубин од цела Европа го има само кај нас. Нус производ е од мермерот и засега се продава како дел од накит. – Сметаме дека рубинот ...

Read More »

Ѓорѓиевски: Скопје ќе ја добие првата подземна сообраќајница под „Лимак“

Кандидатот за градоначалник на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска во центарот на градот го најави еден од најголемите инфраструктурни проекти – изградбата на првата подземна сообраќајница под комплексот „Лимак“, како дел од првата фаза на булевар „Македонија“. „Овој проект не е само дел од мојата програма, туку вистински пресврт за централното градско подрачје. Се работи за клучен проект што ќе ...

Read More »

Тоневски: „Секоја населба во Пробиштип ќе биде поврзана со современи патишта“

Кандидатот за градоначалник на Пробиштип, Тони Тоневски, во својата програма за наредниот мандат најави изградба и реконструкција на патишта што ќе го поврзат секое село и секое населено место во општината. „Пробиштип не е само градот – тоа сме сите ние, во секоја населба и секое село. Во наредните четири години ќе изградиме и реконструираме патишта што ќе го поврзат ...

Read More »

Коњановски: Битола ќе биде град со чист воздух и современ градски превоз

Кандидатот за градоначалник на Општина Битола од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Коњановски, во гостувањето на МРТ1 во емисијата „Локални избори 2025 – изборни соочувања“ зборуваше за реализираните и идните проекти, нагласувајќи дека новиот мандат ќе значи континуитет во развојот и унапредување на градот. Коњановски потсети дека Битола во изминатите четири години била „едно големо градилиште“ и дека и понатаму ќе се инвестира ...

Read More »

Проданоски: Срцето на Прилеп чука во старата чаршија

Кандидатот за градоначалник на општина Прилеп, Дејан Проданоски, оствари средба со дуќанџиите, угостителите, златарите и трговците од старата прилепска чаршија, нагласувајќи дека токму тие се вистинското срце на градот. „Секојдневно го одржуваат духот на нашата стара прилепска чаршија. Со својата работа и посветеност го чуваат идентитетот и традицијата на Прилеп,“ изјави Проданоски, додавајќи дека чаршијата е местото кое ги спојува ...

Read More »

Николоски: Најавувам голем инвестициски циклус, средства обезбедени од општините, Владата и Светска банка (ВИДЕО)

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски денес беше на увид на градежни активности во Општина Гази Баба заедно со градоначалникот и кандидат за уште еден мандат, Бобан Стефковски. Николоски посочи дека проектот за реконструкција на главната улица „Палмиро Тољати“, која е од поважните сообраќајници во општина Гази Баба, е начинот на кој целосно се решаваат проблемите во општините и во населбите. ...

Read More »