Author Archives: Весник Илинден

Директорот на Бирото за јавна безбедност на Македонија, Јанев на регионален стратешки состанок во Тирана

Директорот на Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи, Александар Јанев, денес го предводеше македонскиот тим на регионалниот стратешки состанок одржан во Тирана, Албанија, организиран и поддржан од агенциите за спроведување на законот на Обединетото Кралство. Фокусот на состанокот беше насочен кон справување со предизвиците поврзани со нелегалната миграција, прекуграничниот криминал, дејствувањето на организираните транснационални групи и нелегалните ...

Read More »

Италија: Има исчезнати лица, граѓаните бараат засолниште на покривите

Две лица се водат како исчезнати откако лизгање на земјиштето предизвикано од обилните дождови го натера северозападниот италијански регион Фриули Венеција Џулија да прогласи вонредна состојба и да побара помош од централната влада и другите региони, објави новинската агенција ANSA. Пожарникарите извлекоа едно лице од урнатините на местото на лизгањето на земјиштето, човек кој ја скршил ногата, во болница во ...

Read More »

Во Албанија невремето проследено со обилни дождови и силен ветер предивика големи проблеми

Фото: Министерство за одбрана на Албанија Невремето проследено со обилни дождови и силен ветер, што ја зафати Албанија во последните денови, доведоа до поплавување куќи, евакуација на семејства и прекини во снабдувањето со електрична енергија во повеќе делови во земјата. Министертвото за одбрана соопшти дека поради поплавени домови евакирани се дваесеттина семејства во областа Тат, поради одрони блокирани се повеќе ...

Read More »

Мицкоски-Вадефул: Продлабочување на соработката, регионалните предизвици и нови заеднички иницијативи

Фото: Facebook/Hristijan Mickoski Претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски вечера имаше средба со германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул, кој престојува во работна посета на земјава во рамки на турнејата во земјите од Западен Балкан. На средбата, како што е објавено на Фејсбук профилот на премиерот Мицкоски, станало збор за тековните регионални предизвици и можностите за заеднички иницијативи. ...

Read More »

Коњановски: Сите служби се на терен по обилните врнежи во Битола

Екипите на јавните претпријатија и Водостопанство Битола од раните утрински часови се на терен поради интензивните врнежи што го зафатија регионот. Со механизација и работници се интервенира на сите критични точки со цел навремено справување со можните последици од обилните дождови. Според градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, ситуацијата засега е стабилна, а активностите ќе продолжат во текот на целиот ...

Read More »

Муцунски: Владата секогаш ќе стои во заштита на македонскиот јазик, идентитет и историја

Владата секогаш ќе стои во заштита на македонскиот јазик, идентитет и историја, порача денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, во одговор на прашање од пратеникот Реџеп Исмаил за заклучоците од работата на Мешовитата комисија за образовни историски прашања со Бугарија. Муцунски во одговорот рече дека можеби е случајност „координираниот напад кон него од бугарскиот копретседавач со Комисијата ...

Read More »

Започнува најголемата енергетска обнова на државните институции – тригодишен план за модернизација на 14 јавни згради

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го финализираше Планот за реконструкција на згради кои ги користат лицата од јавниот сектор на државно ниво за периодот 2025–2028 – документ кој поставува јасна, тригодишна рамка за најобемната енергетска обнова на институции во земјата досега. Планот веќе е усвоен од Владата, по процес на усогласување со вкупно 33 институции. Овој стратешки документ ...

Read More »

Во Битола одбележана 81-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Со полагање свежо цвеќе и пригодна церемонија денеска во Битола беше одбележана 81-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада. Пред спомен-плочата кај ТППЕ Битола почит оддадоа градоначалникот Тони Коњановски, претседателот на Советот на општина Битола Бојан Бојкоски, претставници на Советот на општината, здруженија на граѓани, политички партии и гости. Комеморацијата беше организирана од Сојузот на здруженијата на Македонците ...

Read More »

Македонското друштвото ”Илинден”-Тирана ќе учестува на 28 – ми семинар на работната група на словенските малцинства при ФУЕН

  Македонското друштвото ”Илинден”-Тирана ќе учестува на 28 – ми семинар на работната група на словенските малцинства при ФУЕН  ќе се одржи од 20 до 23 ноември 2025 година во Горица, Италија. Настанот е организиран од ФУЕН во соработка со локалните организации на словенечките малцинства „Свет Словенских Организација“ (SSO), „Словенска културно-господарска ѕвезда“ (SKGZ) и „Словенска Скупност“ (SSk), собирајќи претставници на ...

Read More »

151 година од раѓањето на великанот Крсте Петков Мисирков

На 18 ноември во 1874 година во селото Постол, Егејска Македонија, е роден Крсте Петков Мисирков, истакнат македонски филолог, лингвист, историчар, фолклорист, етнограф, публицист, политичар, револуционер и борец за македонската национална афирмација. Во 1903 година ја издал книгата „За македонцките работи“, која претставува одраз и израз на неговата борба за самобитноста на македонскиот народ. Во 1905 година, во Одеса го ...

Read More »