Author Archives: Весник Илинден

Махмуд Абас: Хамас нема да може да управува со Појасот Газа мора да го положи оружјето и да ја прифати политичката програма на Организацијата за ослободување на Палестина

Палестинскиот претседател Махмуд Абас во неделата изјави дека Хамас нема да може да управува со Појасот Газа во повоениот период, нагласувајќи дека групата мора да го положи оружјето и да ја прифати политичката програма на Организацијата за ослободување на Палестина (ПЛО). „Хамас мора да го предаде своето оружје на Палестинската самоуправа и да се вклучи во политичка работа во рамките ...

Read More »

Деновиве се очекува да биде отворен привремениот граничен премин Стрезимир – Рестелица во областа Гора кон Македонија

Граничниот премин Стрезимир – Рестилица, на македонско-косовската граница областа Гора како и изминатите лета, деновиве ќе биде отворен за минување за граѓаните од двете земји. Преминот е лоциран во местото Луково Поле, на тромеѓето Македонија-Албанија-Косово, поточно  на заедничката гранична линија помеѓу Македонија и Република Косово. Веста за МИА ја потврди градоначалникот на општина Маврово и Ростуше, Медат Куртовски, со чие ...

Read More »

Рама вети забрзување на легализацијата на објектите во Преспа

Премиерот Еди Рама ветил забрзување на процесот за легализација во Општина Пустец, најавувајќи тесна соработка со општинските власти со цел решавање на овие прашања во што е можно покус рок и во интерес на секој граѓанин.  Градоначалникот Пали Колефски ова го посочил на средбата на Рама со градоначалниците. За време на оваа значајна средба со премиерот Еди Рама, градоначалникот на ...

Read More »

Македонија: Пуштени во употреба првите 20 километри од автопатот Кичево – Охрид

Пуштени се во употреба првите 20 километри од автопатот Кичево – Охрид, на потегот од Врбјани до Ботун. Пуштањето во употреба на оваа делница за власта е показател за разликата меѓу неа и политичките опоненти и доказ за посветеноста и работата на оваа Влада, наспроти минатата која го оставила како проект кој бил заборавен и напуштен, на кој немало работници ...

Read More »

Во Охрид востоличен новоизбраниот Митрополит Дебарско-кичевски Георгиј

Во катедралната црква „Св. Софија“ во Охрид, денеска се одржа востоличувањето на новоизбраниот архијереј на Дебарско-кичевската епархија – архимандритот Георгиј (Ѓорѓевски). Во манастирот „Св. Климент Охридски и св. вмч. Пантелејмон“ на Плаошник синоќа се одржа наречението на новоизбраниот архијереј Дебарско-кичевски, а денеска се одржа Божествена литургија со хиротонија и востоличување на новиот митрополит Георгиј. Со едногласна одлука на Светиот архиерејски ...

Read More »

Македонија: 65. издание на фестивалот „Охридско лето“

Фото: Фестивалот „Охридско лето“ Со гала концерт на американска пијанистка со блескава уметничка кариера, Клер Хуангчи, во придружба на орекестарот на Македонската филхармонија под диригентска управа на маестро Едвин Оутвотер утревечер на Античкиот театар ќе биде отворено годинешното 65-то издание на најголемата и најпознатата музичко сценска манифестација во земјата, Фестивалот „Охридско лето“. Како и секоја година за свеченото отворање се ...

Read More »

Во последното деноноќие во Албанија регистрирани 21 шумски пожар

Министерството информира дека пет шумски пожари сè уште не се изгаснати. Активни остануваат два пожари во округот Дибра, еден во округот Тирана, еден во Елбасан и еден во Корча. Шумските пожари се регистрирани во области со грмушеста вегетација, а досега се изгорени површини од 91 хектар и 20 маслинови дрвја. Во операциите за гаснење на пожарите биле ангажирани 38 противпожарни ...

Read More »

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова во вилата „Билјана“ во Охрид го прими претседателот на Албанија, Бајрам Бегај

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова денеска во вилата „Билјана“ во Охрид го прими претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, кој е во работна посета на Македонија. Обајцата соговорници изразија задоволство од воспоставеното пријателство и добрите билатерални односи меѓу двете земји. Се согласија дека регионалното инфраструктурно поврзување е најдобар начин за продлабочување на соработката меѓу двете земји. Меѓу клучните проекти ...

Read More »

Во духот на Светите Апостоли – пет години архиерејска прегратка на Епископот Антаниски г. Партениј (ФОТО)

„Зашто, ако имате и на десетина илјади наставници во Христа Исуса, многу татковци немате, бидејќи јас ве родив во Исуса Христа преку Евангелието“ (1. Кор. 4,15) Со духовно веселие и благоговејно расположение, во нашиот свештен манастир изминато ноќоденство одекнуваше славословие кон светите и славни, сефални, првоврховни апостоли Петар и Павле, тие столбови на Црквата, коишто со своето слово, мачеништво и ...

Read More »