Author Archives: Весник Илинден

Македонија официјално стана членка на СЕПА eдинствената област за плаќања во евра

Европскиот совет за плаќања денес ја прифати Македонија како 39-та членка на Единствената област за плаќања во евра (СЕПА). Под водство на Народната банка, претходно властите правеа значителни напори за да ја усогласат правната рамка во доменот на плаќањата и платните системи со регулаторните барања на Европската Унија (ЕУ), како што е Законот за спречување на перење пари и други ...

Read More »

Македонската туристичка понуда на Меѓународната туристичка берза во ИТБ Берлин

Туристичката понуда на Македонија, најатрактивните локалитети во земјава и локалните туристички продукти ќе бидат презентирани на Меѓународната туристичка берза што од денеска наредните три дена ќе се одржува во Берлин, Германија. На големиот саем за патувања, иновации, знаење и инспирација за поместување на туристичките граници, ќе се претстават 190 земји и региони со 5.600 излагачи, сите со свои атрактивни и ...

Read More »

Никола Ѓурѓај за lokalno.mk: За време на пописот во Албанија цела Бугарска влада беше активна и вршеше уцени врз Македонците

За време на пописот целата влада на Бугарија беше активна и се мешаше во пописот во Република Албанија. Тоа е факт.  Иако на последниве 11 пописи ниту еден жител не се декларирал како дел од бугарско малцинство, државниот врв на Бугарија ја принуди Република Албанија да признае непостоечко бугарско малцинство изјави за Локално Ѓурѓај. За време на пописот во Албанија ...

Read More »

Албанија прва во светот по зголемување на бројот на туристи

Светскиот туристички барометар покажува дека класичните дестинации за летен одмор како Шпанија, Грција и Турција привлекуваат најмногу туристи, но кога станува збор за највисок процентуален раст на туристи во последните пет години, преовладуваат други дестинации, а Албанија е на прво место. Информацијата преку социјалните мрежи ја сподели премиерот Еди Рама, објавувајќи ја табелата и најавувајќи понатамошно зголемување на бројот на ...

Read More »

Минчев на панел сесија во Тирана: „Реформи за поефикасна јавна администрација и подобри услуги за граѓаните“

Во своето обраќање, Минчев истакна дека јакнењето на локалната администрација е еден од клучните приоритети на Владата, бидејќи професионална, ефикасна и автономна локална администрација значи подобри јавни услуги за граѓаните и поголема доверба во институциите. Министерот за јавна администрација Горан Минчев учествуваше на панел сесија на тема “Perspective of Local Government Reform and EU Integration”, како дел од конференцијата SYNERGY, ...

Read More »

Трамп во Конгресот: Зеленски е подготвен да го потпише договорот за минерали „во секое време“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски го информирал дека е подготвен за разговори со Русија за ставање крај на војната во неговата земја и понудил да потпише договор за минералните ресурси на Украина „во секое време“. По една недела метеж што кулминираше со објавата на САД за прекин на воената помош за Украина по жестоката размена меѓу двајцата ...

Read More »

Мицкоски по средбата со Орбан: Македонија со поддршка за Украина и мирот, огромен интерес за унгарскиот кредит, растот неминовен

Најпрво да се заблагодарам на топлото добредојде и приемот кој го имавме на највисоко ниво овде во Будимпешта, што само го потврдува високото ниво на односите кои постојат помеѓу двете држави. Како што и самите бевте сведоци денеска овде се одржа македонско унгарскиот владин самит, или втората меѓу владина седница, по таа во Охрид. Најголем дел од работите за кои ...

Read More »

Средба на премиерот Мицкоски со неговиот унгарски колега Орбан (ФОТО)

Премиерот на Македонија Христијан Мицкоски во рамки на самитот остварил средба со премиерот Виктор Орбан. Разговаравме за клучни прашања од заемен интерес, зајакнување на економската соработка, инвестициите, енергетиката, инфраструктурата и европската перспектива на Македонија, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Read More »

Средба Николоски – Лазар: На Македонија и се потребни пријатели како Унгарија, ја унапредуваме соработка

Исто така на средбата министрите разговараа и за можноста за реализација на заеднички проекти од регионален интерес, зголемување на трговската соработка и инвестициите. Македонија и Унгарија се пријателски земји со одлични економски и политички односи и во духот на ова пријателство ја продолжуваме досeгашната соработка. Поддршката од Унгарија е значајна и за патот кон Европската Унија и верувам дека оваа ...

Read More »

Mакедонскиот весник “Илинден“: Афирматор на македонскиот етнички, јазичен и културен идентитет во Република Албанија

Повод – четиринаесет години од постоење на македонскиот весник „Илинден“ На своите страници „Илинден“ разгледува повеќе теми од Република Албанија, Балканот и од светот, меѓутоа во сржта на неговата уредувачка политика се афирмацијата на македонскиот јазик и на македонските национални особености во Република Албанија и промовирањето на потребите на македонскиот народ што живее таму. Во ситуација кога официјална Софија преку ...

Read More »