Author Archives: Весник Илинден

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија, Тимчо Муцунски во Охрид го пречека министерот за Европа и надворешни работи на Албанија Игли Хасани

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија Тимчо Муцунски вечерва во Охрид го пречека министерот за Европа и надворешни работи на Албанија, Игли Хасани, присутен беше и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков. Денеска и утре сум домаќин на шефот на албанската дипломатија, Игли Хасани, во рамки на неговата дводневна работна посета на Македонија. Средбата е потврда за одличните ...

Read More »

Македонски клуб “Илинден”-Лацен, Хановер со отворено писмо до Европскиот парламент против бришењето на македонскиот идентитет и јазик 

Македонски клуб “Илинден”-Лацен, Хановер со отворено писмо до Европскиот парламент против бришењето на македонскиот идентитет и јазик Почитувани членови на Европскиот парламент, Со длабока загриженост следиме дека клучните формулации за македонскиот идентитет и јазик треба да бидат избришани од планираниот извештај на Вајц – очигледно под влијание на Бугарија. Оваа одлука е во спротивност со европските вредности: – културна разновидност ...

Read More »

Трите големи пожари во Албанија ставени под контрола

Вооружените сили, во соработка со други оперативни сили на терен и со помош на Европскиот механизам за цивилна заштита, ги ставија под контрола големите пожари кои со денови беснееја во три подрачја во Албанија,  соопшти Министерството за одбрана. Во општина Финиќ, на југот на земјата нашето воздухопловство, потпомогнато од  два канадера од Грција, во рамките на Европскиот механизам за цивилна ...

Read More »

Александра Кузман, етномузиколог, музички изведувач – инструмент виолина

АЛЕКСАНДРА КУЗМАН, етномузиколог, музички изведувач (инструмент виолина) Не толку одамна, пред само две години (2023), македонската музичка наука доби уште еден значаен теоретичар од областа на музиката – Александра Кузман, која докторира на една тема која не е толку често застапувана во нашите современи простори. Објавувањето на еден дел од нејзиниот индивидуален докторски труд „Македонската чалгија“ ќе го потврди тоа ...

Read More »

Албанската автокефална православна црква: Декларација за Светиот манастир Синај

Историскиот манастир на Света Гора Синај претставува непроценливо богатство на православното и светското културно наследство и духовност, давајќи ѝ на Црквата богато духовно искуство. Скапоцени ракописи и кодекси се чуваат таму со векови, вклучувајќи го и познатиот Кодекс Синајски. Присуството на православни монаси во манастирот со векови е почитувано од сите власти, станувајќи симбол на коегзистенција меѓу христијанството и исламот. ...

Read More »

Се одржа Единаесеттата национална конференција на ОМО “Илинден”-Пирин

Денес во реонот на Папаз Чаир на Пирин планина, Пиринска Македонија се одржа Единаесеттата национална конференција на ОМО “Илинден”-Пирин. На Единаесеттата национална конференција присуствуваа 50 делегати од сите делови на Пиринска Македонија и од внатрешноста на Бугарија, како и шест гости. Со конференцијата претседаваше Иван Сингартијски. Присутните ја поздравија партиската химна “Народе Македонски“и со едноминутно молчење им одадоа последен поздрав ...

Read More »

Тошковски: Македонија доби „Македонска интервентна пожарна“ од 43 специјални транспортни возила за справување со пожарите

Министерот за внатрешни работи на Македонија, Панче Тошковски денеска на полигонот Пепелиште присуствуваше на промоција на 43 специјални транспортни возила пренаменети за справување со пожари и презентација на нивната противпожарна моќ кои ќе бидат користени во гаснење на пожарите. „Македонија добива „Македонска интервентна пожарна“ од 43 специјални транспортни возила за справување со пожарите.  Се работи за 18 прилагодени моќни теренски ...

Read More »

Грција испрати два канадера во Албанија за справување со големиот пожар во југот

Преку европскиот механизам за цивилна заштита, Грција испрати два канадери во Албанија за да помогнат во гаснењето на големиот шумски пожар во општина Фојник во јужниот дел на земјата, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштија од Министерството за цивилна заштита и климатски кризи на Грција, двата канадери кусо пред 18 часот попладнево од Солун полетале за Албанија. ...

Read More »

Мицкоски: Најдоброто допрва доаѓа, ВМРО-ДПМНЕ со нови кандидати, ваши луѓе што решаваат проблеми и носат проекти за вас

Мицкоски: Најдоброто допрва доаѓа, ВМРО-ДПМНЕ со нови кандидати, ваши луѓе што решаваат проблеми и носат проекти за вас – Орце Ѓорѓиевски со амбициозен план за развој и промени во Скопје Македонија влегува во нов изборен циклус за локалната власт. На овие избори, ние настапуваме со понуда за чесни, некомпромитирани и вредни кадри, затоа што токму тоа ѝ недостигаше на државата и на ...

Read More »

Централниот совет на Македонците во Германија: Бришење на македонскиот идентитет и јазик е опасен преседан за ЕУ

Централниот совет на Македонците во Германија упати официјално писмо до повеќе водечки европратеници, во кое изрази длабока загриженост поради предлог-амандманите што се најавуваат во Извештајот за напредок на Република Македонија во процесот на пристапување во Европската Унија. Станува збор за обиди, особено од страна на европратеници од Бугарија, да се избришат или релативизираат поимите „македонски идентитет“ и „македонски јазик“ во официјалниот документ. Наместо тоа, ...

Read More »