Author Archives: Весник Илинден

Епископ Хераклејски г. Климент нов портпарол на Синодот на МПЦ-ОА

Епископ Хераклејски г. Климент ќе ја извршува оваа должност по упокојувањето на Дебарско-кичевскиот Митрополит Тимотеј на 25 ноември. Епископ Хераклејски г. Климент е новиот портпарол на Синодот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, соопшти денеска Канцеларијата на Светиот архијерејски синод на МПЦ – ОА. -Во иднина, секретарот на Синодот, Неговото Преосвештенство Епископ Хераклејски г. Климент ќе ја извршува должноста ...

Read More »

Синодот на МПЦ – ОА изрази поддршка на православните во Антиохиската Патријаршија

Светиот архијерејски синод  на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, на својата редовна седница во работен состав, одржана на 12 декември 2024 година, во просториите на Македонската Архиепископија, разгледа повеќе прашања и настани поврзани со црковниот живот на нашата Света Црква. Синодот ја изразува својата длабока загриженост за новонастанатата состојба во Сирија и во Либан, како и за засегнатите верни ...

Read More »

Македонците од Мало Острени (Малестрени) областа Голо Брдо апелираат да се асфалтрира патот 

Жителите на селото Мало Острени (Малестрени) областа Голо Брдо известуваат дека работите за асфалтирање на патот не течат според ветувањата и очекувањата. Граѓанин ни пиша дека пред три дена биле поставени две бетонски цевки за изградба на патот, додека трета била скршена штом поминала првата кола. Состојбата го остави патот се уште незавршен, што предизвика загриженост за движењето на жителите. Ваква состојба ...

Read More »

Македонија и Албанија – 31 години дипломатски односи

Дипломатските односи меѓу Македонија и Албанија, се воспоставени на 24.12.1993 година. Билатерална договорна рамка: Склучени договори предмет на ратификација „Протокол за соработка во областа на безбедноста меѓу Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и Министерството за јавен ред на Албанија и Националната информативна служба на Република Албанија“ склучен во Скопје, на 5 јуни 1992 година. во сила од 28 март 1998 ...

Read More »

Земјотрес со јачина од 4,1 степен епицентарот во Драгаш областа Гора (ВИДЕО)

Еврокиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC) соопшти дека првиот земјотрес со јачина од 4 степени се случил во 01:46 часот и дека епицентарот на потресите бил на 16 километри југозападно од Призрен, Косово. Длабочината на земјотресот била 16 километри. Во меѓувреме, според ЕМСЦ, следниот земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала се случил во 03:59 часот на 17 километри ...

Read More »

Николоски: Од 27 март, Туркиш ерлајнс започнува да лета на линијата Охрид-Истанбул

Реномираната авиокомпанија Туркиш ерлајнс од идната година, од 27ми воведува линија Охрид-Истанбул, објави на социјалната мрежа на Фејспук вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Реномираната авиокомпанија Туркиш ерлајнс од идната година, од 27ми воведува линија Охрид-Истанбул, објави на социјалната мрежа на Фејспук вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Од 27-ми март, Туркиш ерлајнс започнува да лета на линијата ...

Read More »

Продолжува градењето на Коридорот VIII Елбасан-Ќафасан што поврзува Албанија и Македонија

Албанија и Македонија ќе бидат поврзани со изградбата на коридорот 8, чии работи продолжуваат од двете страни истовремено, објави албанската министерка за инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку. Додека ние градиме во правец на Македонија, Македонија гради во правец на Албанија, за да се спојат. По увидот на работите што се изведуваат од третата фаза од целосната реконструкција и проширување на ...

Read More »

Настап на Македонска фолклорна група “Преспа” од Општина Пустец во фолклорниот фестивал во Корча (ФОТО)

Настап на фолклорната група “Преспа” од Општина Пустец на фолклорниот фестивал во Корча, Албанија организиран од Округот на Корча. На фестивалот настапија фолкорни групи на општините што го сочинуваат Округот на Корча.

Read More »

Претседателката и врховна командантка на Вооружените сили, Гордана Сиљановска Давкова присуствуваше на брифинг за борбената готовност на Армијата (ФОТО)

Претседателката и врховна командантка на Вооружените сили, Гордана Сиљановска Давкова, денеска присуствуваше на брифинг за борбената готовност на Армијата. На брифингот, во присуство на министерот за одбрана, Владо Мисајловски и генералите во Армијата, началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, информираше за реализацијата на плановите, задачите и состојбата во Армијата во текот на 2024 година. Претседателката Сиљановска Давкова беше запознаена со ...

Read More »

Македонска пијанистка и професорка Емилија Попивода е нов директор на Културно-информативниот центар на Македонија во Тирана

Новоименуваната директорка на македонски културно-информативен центар на Македонија во Тирана, проф.д-р Емилија Потевска Попивода е македонска пијанистка и професорка, позната по својата меѓународна кариера и придонес во класичната музика. Има настапувано на светски сцени, вклучувајќи ја Виена, Њујорк, Рим и Ванкувер. Нејзиниот репертоар често вклучува дела од романтичниот период, како и современи македонски композитори, со што го промовира македонското музичко наследство. ...

Read More »