Author Archives: Весник Илинден

Општина Пустец учествуваше на 39. Меѓународен саем за туризам „Филоксенија“ во Солун

Општина Пустец учествуваше на 39. Меѓународен саем за туризам „Филоксенија“ во Солун, каде ги презентираше убавините со кои располага Мала Преспа. Ова е наше второ учество на оваа значајна манифестација, на која нашиот штанд побудува се поголем интерес а со тоа и посетеноста на странските туристи кај нас е се поголем. Ги презентираме туристичките пакети, промовирајќи ги дестинациите од општината ...

Read More »

Албанската полиција откри лабораторија за преработка на кокаин внесен од Латинска Америка

Досегашниот успех на оваа кривична постапка покажува дека меѓународната соработка и домашната експертиза се клучот за конкретни резултати, оценува Думани. По истрага покрената во 2023 година, албанското специјално обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК, во Ќерет, Фуш Краја, откри лабораторија каде што се преработувал кокаин прошверцуван од Латинска Америка. Уапсени се 10 лица, меѓу кои седум Албанци, еден од ...

Read More »

Претседателот на Собранието на Македонија, Африм Гаши оствари средба со претседателот на Албанија, Бајрам Бегај

Делегацијата на Собранието на Македонија предводена од претседателот Гаши, беше примена и од претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај при што беа споделени видувања за регионалните предизвици, модалитетите на билатералната соработка меѓу двете држави, искористување на потенцијалите од засилена економска соработка, но и културна и туристичка размена. Беше акцентирано значењето на албанскиот политички фактор во Македонија, како и конструктивната политика ...

Read More »

Отворен собирот „Антифашизмот помеѓу меморијата и заборавот“ по повод 80 години од првото заседание на АСНОМ (ВИДЕО)

Во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје, денеска беше свечено отворен меѓународниот собир „Антифашизмот помеѓу меморијата и заборавот“, по повод 80 години од првото заседание на АСНОМ, што ќе трае до недела. Поздравни говори пред присутните имаа директорот на Институтот за национална историја – Скопје, Митко Панов, ректорката на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, Биљана Ангелова, ...

Read More »

Претседателот на Собранието на Македонија, Африм Гаши, оствари средба со Елиса Спиропали, претседателка на Собранието на Албанија

Претседателот на Собранието на Македонија, Африм Гаши денеска оствари возвратна посета на Република Албанија, предводејќи делегација составена од пратеничките Јулија Тушевска и Фериде Хаџиу, членки на Пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Република Албанија. На средбата со Елиса Спиропали, претседателка на Собранието на Република Албанија, беше истакната извонредната и динамична соработка на двете држави, со бројни реализирани ...

Read More »

Албанија потпиша меморандум за соработка со Азербејџан за гасификација на округот Корча

Албанија и Азербејџан,  потпишаа меморандум за соработка за гасификација на Корча, што ќе продолжи и во Подградец и Ерсек а потоа и други градови. Договорот е потпишан во Баку во присуство на претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев и албанскиот премиер Еди Рама, кој учествува на 29-та Конференцијата на страните на Конвенцијата на Обединетите нации за климатски промени(COP29). Вицепремиерката и министерка ...

Read More »

Албанија и ОАЕ потпишаа договор за формирање заедничка компанија за производство на струја

Албанија и Обединетите арапски емирати, односно албанската електро корпорација, КЕШ и Масдар, гигантот на ОАЕ, во Баку, Азербејџан, потпишаа договор за формирање заедничка компанија за производство на електрична енергија. Премиерот Еди Рама на социјалните мрежи сподели фотографии од потпишувањето на договорот,  потенцирајќи дека оваа компанија ќе инвестира во Албанија и регионот. Вицепремиерката, и министерка за инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку, ...

Read More »

Скопје одбележува 80 години од ослободувањето од фашистичката окупација

На 13 ноември 1944 година, борците од 42. и 50. Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичката окупација. Скопје денеска одбележува 80 години од Денот на ослободувањето во Втората светска војна. Делегации од институции и организации ќе оддадат почит и ќе положат цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел на Алејата на заслужните граѓани ...

Read More »

Министерот Муцунски домаќин на министерот за надворешни и европски работи и трговија на Малта и претседавачот на ОБСЕ, Иан Борџ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија, Тимчо Муцунски денеска беше домаќин на министерот за надворешни и европски работи и трговија на Малта и претседавачот на ОБСЕ, Иан Борџ. По билатералната средба помеѓу министрите Муцунски и Борџ, се одржа и состанок на ОБСЕ Тројката, со учество на министрите за надворешни работи на Македонија, Малта и Финска, Елина Валтонен. ...

Read More »

Белата ајкула-дух пронајдена во близина на островот Сазан во Албанија го воодушеви светот

Белата ајкула-дух пронајдена во близина на островот Сазан во Албанија, е првиот пример на леукизам кој некогаш бил забележан кај овој вид и истата го воодушеви светот, објавија албанските медиуми. Леукизам е ретка состојба која предизвикува делумно губење на пигментацијата на кожата и крзното кај животните,  но за разлика од албинизмот, не ги погодува и очите. Ајкулата „дух“ која беше ...

Read More »