Author Archives: Весник Илинден

МЕПСО: Проектот за интерконективно поврзување со соседна Албанија е најголемата инвестиција во преносната електроенергетска мрежа

Интензивни градежни активности се вршат на градилиштето во близина на селото Мешеишта каде се гради новата 400/ 110 kV трансформаторска станица Охрид, велат од МЕПСО. „Стабилните временски услови овозможуваат компанијата изведувач да работи согласно планираниот динамички план. На површина од 80 000 метри квадратни се изведуваат потпорни ѕидови и наклони, се гради командната зграда на станицата, се работи на изведба ...

Read More »

На 10 години затвор е осуден поранешен албански министер за животна средина

Специјалниот суд против организиран криминал и корупција, попладнево ја соопшти одлуката за обвинетите во случајот „инценератор во Елбасан” меѓу кои и поранешниот министер за животна средина Лефтер Кока. На Кока, кој беше уапсен во средината на декември 2021 година му е изречена затворска казна во траење од 10 години, но поради согласноста за скратен судски процес, казната е намалена на ...

Read More »

Македонија: Две гробници од архајскиот период откриени во струшко од пред 2500 години (ФОТО)

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска во просториите на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид се обрати на прес-конференција по повод најновите археолошки откритија во Охридско-струшкиот Регион. На прес-конференцијата, на која ексклузивно беа изложени дел од пронајдоците, министерот Љутков рече станува збор за голем научно-истражувачки успех кој не само што фрла нови ...

Read More »

Албанските власти дозволија истоварување на контејнери со отровен отпад вратени од Тајланд

Брод што превезува  отровен индустриски отпад ќе може да се истовари на албанско пристаниште Драч, соопштија денеска властите откако му беше одбиен влезот во Тајланд и помина со месеци на море. Контејнерскиот брод „Молива“ кој плови под турско знаме, за кој се тврди дека превезувал 102 контејнери полни со отровен отпад, пристигна во водите во близина на пристаништето Драч пред ...

Read More »

Во Шенѓин пристигна италијанската морнарница со мигранти депортирани од Италија

Во Шенѓин пристигна италијанската морнарница со мигранти депортирани од Италија. Ова е втор трансфер на мигранти откако првата група од 12 мигранти беа вратени во Италија поради пресуда на судот во Рим дека нивните земји на потекло, Бангладеш и Египет, не се доволно безбедни за репатријација. Италијанската премиерка Џорџија Мелони предвиде два центри во Албанија да собираат до 3.000 мигранти ...

Read More »

Почина професорката Наде Проева, специјалист по историјата на Античка Македонија

Вчеравечер, на 6 ноември 2024 година почина Наде Проева, историчарка, универитетска професорка од Институтот по историја на Филозофскиот факултет при УКИМ, експертка по античка историја. Нејзина особена професионална специјалност беа Историјата на стариот век и Историјата на античките Македонци, предмети што до пензионирањето им ги предавала на студентите по историја. Професорката Проева важеше за бескомпромисно принципиелен научник, секогаш на страната ...

Read More »

Штајнмаер подготвен да распише избори во Германија

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер денеска изјави дека е подготвен да распише нови избори по распадот на коалицијата на канцеларот Олаф Шолц, предупредувајќи ги сите партии да се однесуваат одговорно. Крај на една коалиција не е крај на светот. Тоа е политичка криза која треба да ја надминеме, рече Штајнмаер. Шолц соопшти дека ќе побара гласање за доверба во парламентот откако ...

Read More »

Отворен е големиот мост над Црн Дрим кај Кукс

Големиот мост „Кукс” е веќе отворен за сообраќај на возила, како едно од најважните инфраструктурни зафати што конечно го ослободува сообраќајот со пристап и до околните населби, објави премиерот Еди Рама. Мостот е над реката Црн Дрим во округот Кукс во северниот дел на земјата. Премиерот Еди Рама денеска на социјалните мрежи сподели и неколку фотографии и видео-запис од овој ...

Read More »

Македонскиот државен и политички врв очекува добра соработка со Трамп

Пораки со честитки за импресивната победа на републиканскиот кандидат за претседател Доналд Трамп на 47-те претседателски избори во САД упатија македонскиот државен врв и опозициските лидери. Сите со очекување да се продлабочи стратешкото партнерство меѓу двете земји. Покрај светските лидери и македонските политичари испратија срдечни честитки, набрзо откако републиканскиот кандидат Доналд Трамп на 47-мите претседателските избори во Соединетите Држави изјави дека ...

Read More »