Европската Унија издвои два милиона евра хуманитарна помош за жртвите од катастрофалните поплави во кои загинаа повеќе од 500 луѓе во Непал. Гледаме патишта однесени од вода. Села отсечени од светот. Семејства кои бараат исчезнатите. Поплавите во Непал ги потресоа заедниците кои сè уште закрепнуваа од минатите катастрофи, изјави комесарката на ЕУ за управување со кризи, Хаџа Лабиб. Таа истакна ...
Read More »Author Archives: Весник Илинден
Кога песната ги поврзува луѓето – Албанци ја пеат „Лихнида кајче веслаше“ (ВИДЕО)
Музиката не познава граници, јазици и поделби. Таа ги поврзува луѓето и ги чува спомените на едно поднебје. Во музејот „Стерјо Спасе“ во Глобочени, Општина Пустец, албанската музичка група „Носталгија“ од Подградец, под уметничкото раководство на Јован Шуке, ја изведе една од најпознатите македонски народни песни – „Лихнида кајче веслаше“. Иако членовите на групата се Албанци од Подградец, тие со ...
Read More »Успението на Пресвета Богородица се слави со радост во Штермен од Митрополијата на Елбасан, Шпат и Либражд (ФОТО)
Успението на Пресвета Богородица беше прославено со радост во селото Штeрмен со присуство на митрополитот на Елбасан, Шпат и Либражд, Неговото Блаженство Андони. Во својот говор, Неговото Блаженство Андони го истакна значењето на овој празник, кој верниците го слават со стариот календар, и улогата на Пресвета Богородица во спасението на човечката состојба. „Прекрасно е кога сите се собираме заедно во ...
Read More »Во Албанија 28 пожари, четири се активни
Вкупно 28 пожари избувнаа во Албанија во изминатите 24 часа, од кои 4 се активни а три се под надзор, соопшти Министерството за одбрана. Во операциите за гаснење беа вклучени вкупно 350 оперативни сили и 35 противпожарни возила, додека вооружените сили ги поддржаа операциите со 50 лица и хеликоптер. -Моментно, главниот фокус е на дебарскиот округ (Пешкопеја), во североисточниот дел ...
Read More »Норвешкиот крал Харалд V почина на 89-годишна возраст
Foto: Norwegian Royal House Норвешкиот крал Харалд V почина утрово на 89-годишна возраст, соопшти норвешкиот кралски двор. Монархот починал мирно во Универзитетската болница „Риксхоспиталет“ во Осло во 6:35 часот. Со неговата смрт завршува владеење долго повеќе од три и пол децении. Харалд стана крал на 17 јануари 1991 година, по смртта на неговиот татко, кралот Олав V, а во текот ...
Read More »Ангелкоски гради тренерска кариера во Германија
Некогашниот ракометар на Пелистер и Пролет, кој одамна живее во Германија, Стевче Ангелкоски, гради тренерска кариера. Минатата сезона ја заврши играчката кариера и веднаш почна тренерска во тимот на Алфелд, каде што играше најдолго време во Германија. Тој го водеше вториот тим на Алфелд и го однесе ранг погоре во регионалната конкуренција во Германија, а сега ќе има нов предизвик. ...
Read More »Рекорд за меѓународниот аеродром во Тирана, над 60.000 патници за еден ден
Меѓународниот аеродром во Тирана (ТИА) постави нов рекорд во однос на дневен проток на патници и летови. На 17 август 2026 година, ТИА го забележа својот најпрометен ден во својата историја, со 60.291 патници и 326 летови за само 24 часа, соопшти ТИА. Според истиот извор, во текот на овој ден 32 авиокомпании ја поврзале Тирана со 79 дестинации во ...
Read More »Честитка по повод Успение на Пресвета Богородица од Македонско друштво “Илинден“-Тирана
По повод на големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, македонското друштво “Илинден“-Тирана упати честитка до архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и до сите Македонци од православна вероисповед во Република Албанија и до сите Македонци каде и да се во светот. Дозволете ми во мое лично име и во име на Македонско друштво “Илинден”-Тирана, и во името на македонско ...
Read More »Православните верници денеска го слават празникот Успение на Пресвета Богородица
Православната црква денеска го празнува земниот крај на Пресвета Богородица и нејзината смрт ја нарекува „Успение“ – раскошен термин кој во себе ги соединува сонот, блаженството, мирот, спокојството и радоста. Самиот лик на Богомајката објавува бескрајно спасение, сострадалност, грижа и доверба, сила и смирение, чистота и убавина, љубов и победа на љубовта. Небозрачната светлина со која сјае нејзиниот лик го ...
Read More »Македонците од село Врбник во Албанија
Селото Врбник од Егејска Македонија, населено со Македонци, по поделбата на етногеографска Макдонија во 1913 година во Букурешт и припаднало на Албанија, околија Корча (Горица).. На половина час пеш, од Врбник преку границата кон, Егејска Македонија (граница којашто до 1997 година била оградена со бодликава жица) се наоѓаат разурнатите македонски села, бомбардирани и разурнати до темел во граѓанската војна во ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden