Новата книга за деца „Градоначалник“ од авторката Илина Мангова, со илустрации на Александар Сотировски, ќе биде промовирана на 28 ноември (четврток), со почеток во 18:30 часот, во „Литература.мк“, во „Дајмонд мол“. Промотор на сликовницата ќе биде уредничката Оливера Ќорвезироска. „Градоначалник“ е првата книга од новата едиција за деца „Големи зборови за мали уши“, издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина ...
Read More »Author Archives: Весник Илинден
Изведен фрагмент од првата македонска опера „Гоце“ во Дизелдорф
Најатрактивниот дел од програмата беше настапот на Христина Ташкоска во соло-варијанта на виолина со фрагмент од операта „Гоце“ од Кирил Македонски, а потоа во квартет на Ташкоска се придружија Лазе Димовски, Леони Шмиц и Нина Димовска кои исполнија сплет на најпознатите македонски песни со вокал, хармоника и виолина. Mакедонскиот културен центар „Македонско сонце“ на приемот беше претставуван од д-р Блашко ...
Read More »Бојко Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава
Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, соопшти дека со олеснување ја повлекува својата кандидатура за премиер на Бугарија, јави БТА. – Не сакам веќе да се занимавам со оваа разрушена држава. Категорично ја повлекувам кандидатурата. Чекаме премиер со еквидистанца, изјави Борисов на прес-конференција, додавајќи дека веднаш ќе го врати мандатот кога ќе го добие. Ги добивме неопходните одговори и тие покажуваат ...
Read More »Протест на опозицијата во Tиранa, полицијата употреби солзавец и водени топови (ВИДЕО)
Протестот под мотото „Или денес или никогаш“ организиран од опозициската Демократска партија, на Сали Бериша, поддржан од Партијата на слободата, на Илир Мета, од 17 до 19:30 часот целосно ја блокира Тирана. Колони автомобили беа заглавени со неможност да се движат, а поради насилното однесување на учесниците во кое предничеа пратеници и партиски функционери, полицијата беше принудена да употреби солзавец ...
Read More »80 години од прогласување на македонскиот јазик како службен
На денешен ден, пред 80 години македонскиот јазик е прогласен за службен јазик. По тој повод, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје денеска организира свечен час. На свечениот час ќе се обрати деканот на Факултетот, проф. д-р Владимир Мартиновски, и раководителката на Катедрата за македонски јазик, проф. д-р Искра Пановска-Димкова. Обраќање ќе имаат и проф. д-р Димитар Пандев и проф. ...
Read More »Македонските возачки дозволи ќе бидат признаени во Обединетите Арапски Емирати
Возачките дозволи издадени во Македонија ќе бидат признаени во Обединетите Арапски Емирати, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски кој е во неколкудневна посета во ОАЕ. Министерот Тошковски се сретна со министерот за внатрешни работи на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Саиф бин Зајед ал Нахјан, по што биле потпишани два меморандуми за разбирање за безбедносна соработка и борба против тероризмот ...
Read More »Осуден поранешниот градоначалник на Драч, Ванѓуш Дако претходно прогласен за непожелен за САД
Под обвинение за „злоупотреба на службената положба“ и „фалсификување документи“, Специјалното обвинителство побарало 4 години, но поради согласноста за скратена судска постапка казната му е намалена. Специјален суд против организиран криминал и корупција, попладнево му изрече казна затвор во траење од 2 години и 8 месеци на поранешниот градоначалник на Драч, Ванѓуш Дако. Под обвинение за „злоупотреба на службената положба“ ...
Read More »Почина Митрополит Дебарско-кичевски владиката Тимотеј
Дебарско – кичевскиот Митрополит Тимотеј, починал денеска во болница. Тимотеј неколку дена бил на болничко лекување поради проблеми со срцето. Тимотеј е роден на 20 октомври 1951 година во Младо Нагоричане, Кумановско како Славе Јовановски. Во 1976 година дипломирал на Богословскиот факултет. Потоа работи како службеник во Македонската архиепископија. Од страна на Синодот бил испратен во Рим каде ги завршил ориенталните студии и магистратура. На богословскиот факултет во Скопје извесно време ...
Read More »Се урна товарен авион на ДХЛ во Литванија едно лице загина, тројца се повредени (ВИДЕО)
Товарен авион на ДХЛ се урна во куќа рано утринава додека се приближувал кон аеродромот во Вилнус, главниот град на Литванија, при што загина едно лице, а три други се повредени, соопштија официјални лица, пренесе Ројтерс. Авионот го управува авиокомпанијата СВИФТ од име на ДХЛ, а полетал од Лајпциг, Германија, пред да се урне околу 4:30 часот по средноевропско време, ...
Read More »Заврши вториот меѓународен фестивал „Јаков од Камена Река”
Во рамки на Меѓународниот фестивал „Јаков од Камена Река“, синоќа во Домот на културата во Македонска Каменица вчера беа промовирани делови од македонскиот превод на „Часослов“ од Јаков од Камена Река, кој се смета за прв македонски печатар. На изложбата беа претставени четириесетина панели со репродукции од оригиналниот текст и компјутерска адаптација на преведениот текст од делото кое било испечатено ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden