Author Archives: Весник Илинден

Покрај Македонците, на удар се и Евреите

Каков ироничен пресврт. Човекот чија работа беше да го смени името на мојот народ, да го избрише мојот идентитет и да ја препише мојата историја сега гледа како историјата на неговиот народ се менува и како кршењата на човековите права кои неговите сонародници го претрпеле се бришат, поради политички причини, и како директен резултат на неговите постапки. Овој човек го ...

Read More »

Македонија: Општина Битола во меѓународен проект со Општина Дибер од Албанија

Општина Битола и Општина Дибер од Албанија заеднички ќе аплицираат за меѓународен проект во рамки на програмата за прекугранична соработка, ИПА-2. Станува збор за еко-проектот „Одржлива култура за управување со отпад од планинските рурални области” кој од македонска страна како носител на проектот ќе го координира ЈП „Комуналец”-Битола. -Главна цел на проектот е да се создаде култура на собирање и ...

Read More »

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана оствари средба со Амбасадорот на  Македонија во Албанија Данчо Марковски

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓа јимаше средба со Македонскиот амбасадор, Данчо Марковски во амбасадата во Тирана. На почеток на средбата, Ѓурѓај на амбасадорот Марковски му го честитал превземањето на функцијата амбасадор и му посакал успех на високата дипломатска должност. Исто така го информирав амбасадорот за најновите настани поврзани со актуелната положба на Македонците во  Албанија, при што беа ...

Read More »

Централниот совет на Македонците од Герман ја повикуваат владата да не го крши Уставот: Македонија не ја забранува ни Преспанскиот договор

Централниот совет на Македонците од Германија во името на Македонската заедница во Германија, упатува жестоки реакции по повод веста, дека министерот за правда ја забранува употребата на името Македонија и придавката македонски/а/о при регистрацијата на здруженија и трговски друштва во државата Македонија. Централниот совет на Македонците од Берлин смета дека Уставот на Македонија и таканаречениот “Преспански Договор” не предвидуваат таква ...

Read More »

Македонците во Голо Брдо за првпат не останаа блокирани по обилните снежни врнежи 

По обилните снежни врнежи и минусните температури, за првпат Македонците во областа Голо Брдо, Албанија, за првпат не останаа целосно блокирани, појава со која во минатите години се соочува со денови. Како што потврдуваат жители од областа тоа благодарение на максималната ангажираност на првиот човек на административната единица Требиште, Едмонд Османи, кој успеал да обезбеди механизација во соработка со општина ...

Read More »

Забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Струга-Ќафасан

Поради врнежи од снег и ниски температури на патниот правец Струга – Г.П. Ќафасан од 17 часот е воведена забрана за сообраќај на тешките товарни возила. За останатите видови на возила, како што соопштуваат од Македонија пат, се препорачува задолжително носење зимска опрема во возилата и нејзина употреба ако условите на патот тоа го бараат.

Read More »

Кирил Лазаров е нов селектор на машката ракометна репрезентација

Претседателот на Ракомететната федерација на Македонија Живко Мукаетов денеска информираше дека на седницата на Управниот одбор на федерацијата одржана вчера едногласно било усвоено назначување на ракометарот Кирил Лазаров за селектор-тренер на сениорската машка ракометна репрезентација. Лазаров на денешната прес конференција се заблагодари на доверената поддршка од ракометната федерација и информираше дека во периодот кој претстои ќе бидат објавени и соработниците ...

Read More »

Министерот за туризам Бленди Клоси е казнет со 5 милиони леки за непочитување на анти-ковид мерките

Министерот за туризам Бленди Клоси е казнет со 5 милиони леки, односно 4.500 евра како организатор на изборна активност одржана во градот Кучово, на која не се почтувани анти-ковид мерките. Исто така со парична казна во износ од над осум илјади евра казнет е сопственикот на угостителскиот објектот поради тоа што дозволил одржување средба без запазување на протоколите. Деновиве, откако ...

Read More »

Во Данска и Германија уапсени 14 лица под сомнение дека планирале терористички напади

Данските власти во петокот соопштија дека 13 лица се наоѓаат во истражен притвор под сомнение дека планирале еден или повеќе терористички напади во Данска или Германија, која пак уапси едно лице. Осомничените се приведени во голема антитерористичка акција викендов и се обвинети за „набавка на супстанции и компоненти за производство на експлозив и друго оружје“ или за учество во планирање ...

Read More »

Црна Гора ќе ја увезе руската вакцина Sputnik V

Денес Црногорскиот институт за лекови и медицински помагала (ЦИНМЕД) издаде согласност за увоз на руската вакцина Sputnik V. Вакцината Sputnik V се дава во две дози, со разлика од 21 ден. Првите дози, како што објави „Вијести“, ќе пристигнат во Црна Гора во текот на следната недела. „Постапувајќи во согласност со Одлуката на Владата за условите за давање согласност за набавка на вакцина ...

Read More »