Пожар со големи размери беснее во областа Гора, Албанија населена главно со Македонци. Како одговор на оваа вонредна состојба, сите жители на селото излегоа на терен за да помогнат во напорите за гаснење на пламените јазици. Сепак, грубиот терен и суровите атмосферски услови ја прават оваа задача исклучително предизвикувачка. Во овој критичен момент Општина Кукс и екипите на противпожарната бригада се ...
Read More »Author Archives: Весник Илинден
Путин ја покани Монголија на самитот на БРИКС
Рускиот претседател Владимир Путин денеска се сретна со својот монголски колега Ухнаагиин Хурелсух на почетокот на посетата на Монголија и го покани во Русија на претстојниот самит на БРИКС, јави ДПА. „Ве чекаме“, рече Путин за време на средбата во главниот град Улан Батор, пренесуваат руските агенции. Земјите кои брзо се развиваат Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република ќе ...
Read More »Шефот на украинската дипломатија поднесе оставка
Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба денеска поднесе оставка. Со тоа тој стана четврти владин министер кој поднесе оставка во последните два дена, известија украинските медиуми. За оставката на Кулеба денеска информираше украинскиот парламентарец Руслан Штефанчук, кој рече дека оставката на Кулеба ќе биде „разгледана на една од следните пленарни седници“, но не прецизираше датум.
Read More »Tурската разузнавачка служба МИТ уапси косовски државјанин под обвинение дека го финансирал Мосад
Турската полиција уапси државјанин на Косово кого го обвинува за финансирање на оперативци на израелската разузнавачка агенција Мосад во Турција, јави турската државна новинска агенција Анадолу. Косовските власти соопштија дека Турција официјално ги информирала за случајот, иако самите турски власти официјално не ја потврдија оваа информација, ниту пак дадоа изјава за ова прашање. Анадолија наведува дека уапсениот е идентификуван како ...
Read More »Одбележани 25 години од формирањето на Бригадата на Југоисточна Европа (ФОТО)
Бригадата на Југоисточна Европа (СИБРИГ) продолжува да се докажува како исклучително вреден механизам за промовирање на регионалната безбедност, доверба и одржување на воената соработка меѓу земјите-членки. СИБРИГ може да послужи како доказ дека преку соработка на земјите од Југоисточна Европа и пошироко може да се дојде до резултати. Ова беше истакнато денеска на свечената церемонија по повод одбележување 25 години ...
Read More »САД го запленија авионот на претседателот на Венецуела Николас Мадуро (ВИДЕО)
Соединетите Американски Држави го запленија авионот на претседателот на Венецуела Николас Мадуро откако било утврдено дека со купувањето на конкретниот авион, наводно, биле прекршени американските санкции, пренесува Си-ен-ен. Како што пренесува американската телевизија, авионот е запленет во Доминиканската Република, а двајца неименувани американски функционери кажале дека тој денес бил префрлен на Флорида. Заплената на авионот претставува ескалација во прилично ладните ...
Read More »Путин пристигна во Монголија во официјална посета (ВИДЕО
Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во официјална посета на Монголија. Авионот на рускиот лидер слета на аеродромот во Улан Батор. Посетата на рускиот претседател ќе трае два дена. Утре се планирани билатерални средби, вклучително и со монголскиот лидер Ухнаагиин Курелсух, како и потпишување на голем број документи и положување цвеќе на споменикот на маршалот на Советскиот Сојуз Георги Жуков. На ...
Read More »Турција аплицираше за членство во БРИКС
Турција официјално побара членство во групата БРИКС, со цел да го зајакне своето глобално влијание и да изгради нови врски надвор од традиционалните западни сојузници, објави денеска Блумберг, повикувајќи се на неименувани извори. Ставот на администрацијата на претседателот Реџеп Таип Ердоган е дека геополитичкиот центар на гравитација се оддалечува од развиените економии, велат извори. „Турција може да стане силна, просперитетна, ...
Read More »Скулпторот Генци Кадриу, Македонец од Голо Брдо со самостална изложба во Тирана
Според објавата на комитетот на официјалната веб страна, делата на Кадриу ќе бидат изложени во „ParkingArtGallery“, а куратор ќе биде Сеад Казанџиу, потпретседател на Комитетот за национални малциства, кој ќе зборува за делата на Кадриу. „Изложбата ќе биде отворена на 6 септември во 18 часот. Македонското друштво “Илинден”-Тирана, чија мисија е заштита на македонскиот идентитет и култура, ги повикува сите ...
Read More »Владата и телекомуникациската компанија „4iG” потпишаа Меморандум за разбирање
Владата и телекомуникациската компанија „4iG” потпишаа Меморандум за разбирање Владата и „4iG“ Групацијата, една од водечките ИКТ компании во Унгарија и Западен Балкан, денеска во Скопје потпишаа Меморандум за разбирање со цел да се забрза дигиталната трансформација во Македонија во делот на економијата и инфраструктурата, информираат од Владата на Република Македонија. Меморандумот кој претставува основа за долгорочна соработка меѓу Владата ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden