Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарната димензија на Централноевропската иницијатива (ПД ЦЕИ), учествуваше на Есенската сесија на Парламентарното собрание на ЦЕИ, што се одржа во Тирана, Албанија. Есенскиот состанок на Парламентарното собрание на ЦЕИ беше посветен на темата „Зајакнување на регионалната соработка како фундаментален фактор на европската интеграција“. Македонската делегацијата ја предводеше пратеничката Рина Ајдари, а нејзини членови ...
Read More »Author Archives: Весник Илинден
75 години Федерална унија на европските националности и 68-от Конгрес во Хусум, Нордфрисланд, Германија (ВИДЕО)
Македонско друштво ”Илинден”-Тирана од 16. 05. 2015 година е член на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) и стана прво друштво на Македонци надвор од матичната држава, во Европа, кое е рамноправен член, со право на глас. На Конгресот присуствувале претставници од 105 организации членки од 36 земји во Европа.
Read More »Столтенберг денеска му ја предава функцијата генерален секретар на НАТО на Руте
Еден од најдолгите генерални секретари на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска ќе му ги предаде должностите на поранешниот холандски премиер Марк Руте, во време кога алијансата се соочува со некои од најголемите предизвици во својата историја. Столтенберг, 13-тиот генерален секретар на НАТО, ја презеде функцијата во 2014 година, а должината на неговиот мандат ја надмина само холандскиот дипломат Џозеф Лунс, кој ...
Read More »Хаос во албанскиот парламент: Навреди, турканици, запалени столчиња
Денешната попладневна седница на албанскиот парламент траеше само 15 минути поради хаосот предизвикан од опозициските демократски пратеници, што ја принуди претседателката Елиса Спиропали да ја прекине. Напнатата ситуација започна веднаш штом Спиропали предложи да му се одземе мандатот на пратеникот Ервин Салињани и да се побара замена од Централната изборна комисија, бидејќи тој во моментот служи затворска казна. Демократските ...
Read More »Партијата на Ѓукановиќ доби најмногу гласови на локалните избори во Црна Гора
Демократската партија на социјалистите (ДПС) на локалните избори во Подгорица освои 29,9 отсто од гласовите или 19 советнички мандати и уверливо е најсилната политичка партија во парламентот на главниот град на Црна Гора, но нема да може сама да формира локална власт. Од друга страна коалицијата на Движењето Европа сега на премиерот Милојко Спајиќ и на Демократска Црна Гора на ...
Read More »МНР: До овој момент нема наши државјани што се обратиле за помош од Либан
До овој момент, нема македонски државјани кои се обратиле за помош или евакуација од Либан, велат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. „Поради влошенета безбедносна ситуација во Либан, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија во неколку наврати ги повика сите наши државјани кои се наоѓаат во оваа држава, да ја напуштат во прва можна прилика ...
Read More »Преспанското Езеро кај Пустец порибено со над 620 илјади парчиња подмладок на автохтон крап
Преспанско Езеро кај Пустец, порибено е со над 620 илјади единки подмладок од автохтон крап, објави министерката за земјоделство и рурален развој Анила Денај. Реализирана е уште една многу значајна активност со цел збогатување на езерото со крап кој се смета за природно богатство. Порибувањето кореспондира и со периодот на природен прираст и е во рамки на спроведувањето на одржливото ...
Read More »Заедничкиот пат кон ЕУ/Зошто Албанија не треба да го прифати одвојувањето од Македонија?
Автор: Марјана Дода уредничка на портал Аргументум.ал Албанската новинарка, Марјана Дода, основач и главен и одговорен уредник на порталот „Аргументум“, кој третира прашања од геополитиката, во колумна „Заедничкиот пат кон ЕУ/Зошто Албанија не треба да го прифати одвојувањето од Македонија? оценува дека „ одлуката да се одвои Албанија од Македонија на заедничкото европско патување го враќа вниманието кон сите жртви и ...
Read More »Интервју на Никола Ѓурај, претседател на Македонското друштво “Илинден“ Тирана за порталот Македонија Денес
1. Изминатите години, бугарската пропаганда е многу активна меѓу Македонците во Албанија. Сметате ли дека Бугарија со овие активности значително ќе успее да ги асимилира Македонците во Албанија? Македонско друштво “Илинден”-Тирана во контунитет последните години ги информираше албанските инситуци како и институциите во Македонија исто време и јавноста дека бугарската пропаганда е многу активна меѓу Македонците во Република Албанија. Во ...
Read More »Средба на претседателката Гордана Сиљановска Давкова со Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш
Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова во рамки на учеството на 79. Генерално Собрание на Обединетите Нации во Њујорк оствари средба со Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш. На средбата претседателката Сиљановска Давкова ги потенцираше принципите на светската организација како основа на којашто мора да функционира меѓународниот поредок, без разлика дали се работи за мали или големи држави. Таа ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden