Основната инфлација што ги исклучува енергијата, храната, алкохолот и тутунот се зголеми на 2,4 проценти, како што се проценува, од 2,2 проценти пред еден месец. Инфлацијата во еврозоната се зголеми во февруари, како што првично се проценуваше, поттикната од побрзиот раст на цените во услужниот сектор и умерениот пад на трошоците за енергија, покажаа конечните податоци од Евростат објавени денеска. ...
Read More »Author Archives: Весник Илинден
Николоски: Ненад Савески е личност со искуство што ќе испорача правда, која на Македонија очајно и е потребна
Обвинителско-правосудниот систем не влева доверба, а рејтингот на институциите е околу 2 проценти. Граѓаните почесто гледаат неправда отколку правда“, изјави Николоски. Тој посочи дека токму затоа е потребен нов пристап и личност со искуство, која ќе може да придонесе за промена на состојбите. Како кандидат, Владата го предлага Ненад Савески, кој има долгогодишна кариера во правосудството, како обвинител и судија. ...
Read More »Албанија: МВР, 520 вработени земале плата, а со години не оделе на работа
Фото: Министерството за внатрешни работи Вкупно, на платниот список на Министерството за внатрешни работи и на секое ниво на државната полиција низ земјата има 520 фиктивно вработени, кои се „препознаваат“ само по банкоматот каде што одат за да ги подигнат своите плати. Mедиуми објавија вест за скандал во Министерството за внатрешни работи, каде во платниот список имало 520 вработени кои ...
Read More »Мицкоски на Конгрес на ЕПП, потврда за цврстата определба за европска интеграција
Од партијата информираат дека Мицкоски и делегацијата ќе присуствуваат на свеченоста на Европската народна партија којашто во Брисел свечено ќе ја одбележи 50-годишнината на ова политичко семејство, пет децении централна улога во изградбата на Европа, обликувајќи ја нејзината насока и бранејќи ги нејзините основни вредности. Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со партиска делегација во чиј состав е генералниот ...
Read More »Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова освари средба со Зорица Митровиќ, претседателка на Националниот совет на македонците во Србија и Марјан Јованоски, секретар на Советот
Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими Зорица Митровиќ, претседателка на Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија и Марјан Јованоски, секретар на Советот, чија активна работа од 2004 година резултираше со впишување на македонската заедница во Статутот на Автономната Покраина Војводина и воведување на македонскиот јазик во службена употреба во неколку населени места. Соговорниците изразија загриженост заради ...
Read More »Мисајловски: Безбедносната состојба во Македонија е стабилна (ВИДЕО)
Министерот за одбрана на Македонија, Владо Мисајловски оцени дека безбедносната состојба во Македонија е стабилна и дека институциите внимателно ја следат состојбата во регионот и пошироко, особено поради актуелните геополитички случувања. Во гостување во емисијата „За или Против“, министерот за одбрана Владо Мисајловски посочи дека државата е во постојана координација со сојузниците во НАТО и дека безбедносните служби редовно разменуваат ...
Read More »Албанија: Парламентот усвои резолуција со која Иран се прогласува за спонзор на тероризмот
Парламентот, со 79 гласови „за“ од владејачкото мнозинство и еден воздржан, на пленарна седница ја усвои Резолуцијата со која Иран се прогласува за „спонзор на тероризмот“ со што, како што се оценува, земјата се усогласува со стратешките сојузници. Документот, како што претходно изјави премиерот Еди Рама, предвидува дека по одобрувањето во Парламентот, албанската Влада ќе преземе итни чекори за да ...
Read More »Николоски: Од денеска директна авиолинија Охрид-Братислава, а од 29-ти март нова авиолинија од Охрид до Милано
Од денеска граѓаните ќе можат директно да летаат од охридскиот аеродром до Братислава, а веќе од 29 март од Охрид до Милано. Овие авиолинии значат нови туристи во Охрид и повеќе можности за зајакнување на економијата, напиша на својот фејсбук профил вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Од денеска, 17-ти март, граѓаните директно можат да летаат од аеродромот Св. ...
Read More »Една година од изборот на архиепископот г.г. Јоан, на чело на Албанската автокефална православна
На 16 март 2025 година, Светиот синод го избра митрополитот на Корча, Јоан, за архиепископ на Тирана, Драч и цела Албанија. Тој го наследи покојниот архиепископ Анастасиј, чија долгогодишна пастирска служба имаше клучна улога во обновата на православниот живот во Албанија по падот на комунистичкиот режим. Изборот беше извршен на седница на Светиот синод одржана во катедралниот храм „Воскресение Христово“ ...
Read More »Калас: Европа не учествува во војната во Иран
Високата претставничка на ЕУ за надворешна работи и безбедност Каја Калас денеска изјави дека Европа не е вклучена во војната во Иран, оти тоа не е војна на Европа, но оти во залог се европските интереси. Политичките цели на таа војна се нејасни. Војните лесно почнуваат и е многу тешко да бидат прекинати, истакна Калас по денешната средба на министрите ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden