Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска заедно со началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски и амбасадорката на САД, Ангела Агелер присуствуваше на затворањето на работилницата за градење отпорност на национално ниво, реализирана во соработка со Институтот на САД за безбедносно управување и Амбасадата на САД. -Во рамки на работилниците беше реализирана и вежба која ја тестира националната подготвеност за колективна ...
Read More »Author Archives: Весник Илинден
Николoски од Министерскиот самит: Вложуваме силни напори да изградиме квалитетна железничка и патна мрежа во Македонија
Македонија вложува силни напори да ги изгради и модернизира европските коридори 8 и 10 и во таа насока реализираме крупни проекти на истите. Работиме на изградба на железничкото поврзување со Бугарија, започнавме со постапките за изградба на брза пруга на коридор 10, а исто така градиме и автопатски делници на коридор 8, се обрати вицепремиерот и министер за транспорт, Александар ...
Read More »САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез
САД планираат да го прошират бројот на земји опфатени со забраната за патување на повеќе од 30, изјави американската министерка за внатрешна безбедност, Кристи Ноем. Нема да бидам прецизна за точниот број, но тој е поголем од 30, а претседателот продолжува да ги проценува земјите, рече Ноем во интервју за Фокс Њуз, одговарајќи на прашањето дали администрацијата на претседателот на ...
Read More »„Македонска поетика и стилистика“ и на Универзитетот во Љубљана
Ден по чествувањето 106 години од формирањето на Универзитетот во Љубљана и 225 години од раѓањето на Франце Прешерн, на љубљанскиот Филозофски факултет, вчера беше промовирана колективната монографија „Македонска поетика и стилистика“ подготвена од македонски тим истражувачи. Претходно, ова капитално дело беше промовирано и на Универзитетот во Загреб, откако претходно се одржаа промоции и на универзитетите во Мадрид, Париз, Задар, Бања ...
Read More »Муцунски на состанок на групата „Пријатели на Западен Балкан“
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија, Тимчо Муцунски вчера во Виена учествуваше на состанокот на неформалната група „Пријатели на Западен Балкан“, одржан на покана на австриската министерка за европска и меѓународна политика, Беате Мајнл-Рајзингер. На состанокот учествуваа министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ кои се дел од групата „Пријатели на Западен Балкан“ Австрија, Чешка, ...
Read More »Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од областа Преспа
Станува збор за завршен настан од проектот “Создавање традиционални носии на македонското, влашкото и ромското национално малцинство во регионот на Корча“. Македонското друштво „Сонце“, во соработка со Педагошкиот факултет, и со поддршка на Комитетот за национални малцинства, го организира завршниот настан на проектот „Создавање традиционални носии на македонското, влашкото и ромското национално малцинство во регионот на Корча“. На овој посебен ...
Read More »„Прилепска празнична приказна“ – Проданоски повикува на забава за сите генерации
Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, со голема свеченост го најави првиот Новогодишен базар во нов, проширен формат, кој ќе се одржи под мотото „Прилепска празнична приказна“. Манифестацијата ќе трае седум дена и ќе понуди богата програма исполнета со музички настапи, креативни активности, празнични декорации и разновидни содржини за сите генерации. Проданоски истакна дека Прилеп оваа година ќе живее во вистински ...
Read More »ЕУ ги поддржува албанските општини со фонд од 11 милиони евра од 1 јануари
Вториот заеднички консултативен комитет, помеѓу Европскиот комитет на регионите и Албанија, се одржа денес во Тирана. Делегацијата на Европската Унија во нашата земја, во соопштение на социјалните мрежи, нагласува дека оваа сесија претставува важен чекор кон зајакнување на вклученоста на локалното ниво во процесот на интеграција во ЕУ. Според ЕУ, дискусиите се фокусираа на улогата и потребите на општините во ...
Read More »Нетанјаху го назначи својот воен секретар, Роман Гофман, за директор на Мосад
Актуелниот шеф на израелската разузнавачка агенција, Давид Барнеа, го завршува својот петгодишен мандат во јуни 2026 година, објави „Тајмс оф Израел“. Според извештајот на Канал 12, Нетанјаху го избрал Гофман пред двајца кандидати предложени од Барнеа. Назначувањето било проследено до Советодавниот комитет за високи назначувања за разгледување. Гофман ја изградил својата кариера во Оклопниот корпус на Израелските одбранбени сили, каде ...
Read More »Светскиот Македонски Конгрес упати честитка за 70-то јубилејно издание на македонскиот весник “Илинден”
Светскиот Македонски Конгрес во името на најголемиот број Македонци, по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во светот и татковината, упатува искрени честитки до Македонското друштво “Илинден”- Тирана и неговиот претседател Никола Ѓурѓај за 70-то јубилејно издание на македонскиот весник “Илинден” нека се множат изданијата и нека се шири вистината за Македонците во Албанија и светот, вистината за ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden