Во тензична ситуација, во која не изостанаа ниту физички напади, димни бомби и со бројно присуство на припадниците на Националната гарда, денешната пленарна седница на албанскиот Парламент, на која на дневен ред беше Нацрт-буџетот за идната година, наместо маратонска расправа, заврши за пет минути. Опозициските пратеници приврзаници на Сали Бериша, како што и најавија, најпрво со столчиња ја блокираа говорницата, ...
Read More »Author Archives: Весник Илинден
Македонците од Мала Преспа на протест, бараат огревно дрво
Македонците од општина Пустец годинава не можат да обезбедат огревно дрво. Порано ги обезбедуваше општината во договор со Националната агенција за заштитени подрачја, но сега тоа истата не го дозволува, јави весникот „Македониум“. Револтот тие го искажале на протест пред општина Пустец, на денот кога се очекувала посетата на директорката на Националната агенција за заштитени подрачја, но таа ја откажала ...
Read More »Игнорирајќи го македонското малцинство во регионот го дезавуираме нашиот идентитет во матицата
Збунетост предизвикува фактот што Македонија заседава со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), а нашиот министер е токму претседавач на оваа меѓународна организација и ништо не презема за заштита на македонското малцинство во соседните држави, кое е предмет на агресивна асимилација. Имено, ОБСЕ преку политички дијалог има цел да обезбеди стабилизација на регионот преку демократски средства и демократско ...
Read More »МААЕ: Иран има доволно ураниум за три атомски бомби, доколку се збогати
Според дефиницијата на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Иран има доволно ураниум збогатен до 60 проценти чистота или блиску до степенот на оружје, што е доволно за три атомски бомби, според доверливите извештаи на МААЕ објавени денеска. Забележано е и дека Техеран сè уште ја опструира агенцијата кога станува збор за контрола над клучните прашања, објави Ројтерс. Залихите на ...
Read More »Албанија во 2024-та ќе го зголеми бројот на војници во мисијата КФОР
Новоименуваниот амбасадор на Албанија во Косово, Петрит Маљај, изјави дека од 2024 година неговата земја ќе го зголеми своето присуство во Косово преку мировната мисија на НАТО, КФОР, јави дописникот на МИА од Приштина. На денешната средба во средата со командантот на КФОР, Озкан Улутас, Маљај изјавил дека Албанија го смета Косово за свој најголем приоритет. Пријателска средба со командантот ...
Read More »Ѓурѓај за lokalno.mk: „Уцена до Македонците да се пишат како Бугари на пописот – да беше Албанија или Македонија во ЕУ немаше да нудат пасоши“
Заврши пописот на населението во Албанија каде што живеат Македонци. Имало притисоци и закани, обелодени поранешниот пратеник во Албанското собрание и претседател на единствената македонска партија во Албанија, Васил Стерјовски. Тој побара продолжување на пописот бидејќи во последните три недели од официјалниот старт жителите во македонските краишта не се попишувале бидејќи голем дел од луѓето кои живеат таму својата егзистенција ...
Read More »Бугарија директно се мешаше при пописот на македонското малцинство во Република Албанија
Досега повеќе македонски здруженија и организации од Албанија посочија дека Тирана фактички ѝ дава простор на Софија да го спроведе пописот во Албанија, особено во оние региони каде што живее македонски народ. Познавачите на оваа проблематика велат дека постојат реално допуштени и спроведувани модели на притисоци од страна на бугарските државни институции и приватни фондации, кои се насочени кон Македонците ...
Read More »На 16 ноември во Струга ќе се одржи премиерата на првиот долгометражен документарен филм за Блаже Конески – „Јанѕа”
На 16 ноември во Струга ќе се одржи премиерата на првиот долгометражен документарен филм за Блаже Конески – „Јанѕа“, според мотиви од „Дневник по многу години“ на Конески, од истакнатиот македонски документарист, Никола Т. Калајџиски. Филмот е подготвен во продукција на „Контраст филм“, а продуцент е Златко Димески. Режисер и сценарист на филмот е Никола Т. Калајџиски. Монтажата е на ...
Read More »Здружението „Заедницата на Црногорците во Албанија“ слави 5 години од основањето
На 9 ноември 2023 година, здружението „Заедницата на Црногорците во Албанија“ – ЗЦГА, под покровителство на Ружица Рашович и Никола Судар, одржа тркалезна маса по повод 5-годишнината од основањето. Беа присутни Префектот на округот Тирана, Африм Ќендро, претседателот на Комитетот за национални малцинства, Константина Безијани, претставник на Дирекцијата за соработка со дијаспората и иселениците од Црна Гора, Зоран Ѓукановиќ, претставник ...
Read More »Изложба за македонскиот фронт претставена во Франција
По повод 105 години од завршувањето на Првата светска војна и одбележување на Денот на примирјето (11 Ноември) македонската асоцијација „Илинден 1903“ придонесе францускиот град Кантеле во Нормандија оваа година да биде домаќин на изложбата „100 години од Македонскиот фронт – секојдневниот живот на линијата на фронтот“ од македонските автори Иљо Трајковски и Мире Младеновски во тесна соработка со Асоцијацијата на наставници по ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden