Author Archives: Весник Илинден

Централниот совет на Македонците во Германија со ултиматум до Владата, бараат итни мерки за враќање на човековите права

Одборот на Централниот совет на Македонците во Германија на вонреден состанок едногласно одлучи да побара итно враќање на човековите права за македонските граѓани и да покрене правна постапка, соопштија денеска. Од 13 февруари 2024 година, македонската влада не ги почитува основните права на Македонците ширум светот. Особено, одлуката да се прогласат важечки пасоши за неважечки без доволен капацитет за издавање ...

Read More »

Албанската опозиција ќе бара техничка влада пред изборите по примерот на Македонија

Поранешниот шеф на албанската дипломатија и актуелен лидер на Либерално-демократскиот сојуз, Аријан Старова, најави дека обединетата опозиција ќе достави барање следните избори во земјата, кои ќе се одржат во април идната година, да бидат спроведени од техничка влада. На идните избори земјата треба да оди со техничка влада. Само така ќе може да се гарантираат слободни и демократски избори. Одлуката ...

Read More »

Почина Алексеј Навални, соопшти руската затворска служба

Почина рускиот опозиционер и критичар на Кремљ, Алексеј Навални, соопшти затворската служба на регионот Јамало-Ненецки, каде што Навални ослужуваше затворска казна. Во поправната колонија број 3, осуденикот А. А. Навални се чувствувал лошо по прошетката и речиси веднаш ја изгубил свеста, се вели во соопштението на веб-страницата на затворот. Се додава дека веднаш пристигнале медицинските работници на установата и дека ...

Read More »

Македонија и Албанија со здружени сили ќе го штитат опстанокот на балканскиот рис

Евроазискиот рис и неговиот загрозен подвид, балканскиот рис, се најдоа на списокот на преселни видови, беше соопштено на Конференцијата на Бонската конвенција во Самарканд, Узбекистан, а објави Македонското еколошко друштво (МЕД). Ова се одлични вести за сите заштитари од Европа и Азија – вели Диме Меловски од МЕД. Тој во Самарканд го образложи поднесокот за вметнување на балканскиот рис во ...

Read More »

Македонија: Јавен повик од ДИК за пријава и увид во Избирачкиот список за гласање во странство

Од 14 февруари тече пријавувањето за гласање за претседателските избори закажани на 24 април годинава на државјаните на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство. Нашите државјани можат да се пријавуваат електронски на следниот линк или со пополнува на формулар во хартиена форма во дипломатско – конзуларните претставништва (ДКП) во земјите каде што живеат. Според роковникот ...

Read More »

Централниот совет на Македонците во Германија испрати барање до македонската амбасада во Берлин, Бон и Минхен, изразувајќи загриженост поради долгите чекања за термини за пасоши

Централниот совет на Македонците во Германија испрати итно писмо до македонските амбасади во Берлин, Бон и Минхен, изразувајќи загриженост поради долгите чекања за термини за фотографирање за пасоши. Писмото, изработено во името на Централниот совет на Македонците во Германија, истакнува дека овие чекања значително ги ограничуваат личната слобода и мобилност на заедницата. Во писмото се спомнува дека до сега се ...

Read More »

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен пристигна во Тирана (ФОТО)

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен пристигна во прва официјална посета на Тирана, каде ќе престојува осум часа. На меѓународниот аеродром „Мајка Тереза“ беше пречекан од министерот за Европа и надворешни работи, Игли Хасани, кој во објава на социјалните мрежи во која меѓу другото нагласува дека „посетата ќе ги зајакне партнерството и стратешката соработка на Албанија со САД, нашиот стар сојузник, ...

Read More »

Американскиот државен секретар Блинкен во прва официјална посета на Албанија

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска ќе допатува во прва официјална посета на Албанија. Премиерот Еди Рама преку порака на социјалните мрежи виртуелно му посака добредојде на високиот американски функционер. Од синоќа во 19:30 до вечерва до 20 часот во сила се засилени безбедносни мерки, а за безбедноста ангажирани се над илјада полицајци вклучително и оние од специјалните единици. Блинкен ...

Read More »

Спречен шверц на дрога, оружје и муниција од албанска на македонска територија (ВИДЕО)

Во две одделени акции албанската полиција уапсила три лица при обид за шверц на дрога и оружје за Македонија. Според полицијата во акцијата „вреќи“ во селото Рајце, кај Прењас, во близина на Струга, уапсен е Е.А.(28) жител на Фуш Круја кој во автомобил „тојота“ превезувал две вреќи со вкупна тежина од 27,3 килограми канабис. На влезот во градот Елбасан се ...

Read More »

Македонија: Претседателските избори на 24 април, a парламентарните избори на 8 мај

Претседателските избори во Македонија ќе се одржат на 24 април 2024 година, додека парламентарните избори две недели подоцна на 8 мај, кога би се одржал и вториот круг од претседателските избори. Изборот на претседател на Републиката се врши во последните 60 дена од мандатот на претходниот претседател, додека редовните избори за пратеници се одржуваат секоја четврта година во последните 90 ...

Read More »