Author Archives: Весник Илинден

Градоначалникот на општина Пустец, Пали Колефски потпиша договор со Јапонскиот амбасадор, Такада Митсуки 

Градоначалникот на општина Пустец, Пали Колефски на 01.11.2023 година во просторите на Јапонската амбасада во Тирана  потпиша договор со амбасадорот Такада Митсуки за набавка на машина „Багер“ кое ќе и служи на општина Пустец за потребите на Македонците во областа Мала Преспа. Градоначалникот на општина Пустец, Пали Колефски му се заблагодари на Јапонскиот амбасадорот Такада Митсуки и јапонскиот народ за ...

Read More »

Министерот за одбрана: Германија мора да биде подготвена за можна војна во Европа

Германскиот министер за одбрана, Борис Писториус предупреди дека „може да има закана од војна во Европа“ додека го бранеше одговорот на неговата администрација на новите закани, вклучувајќи ја руската агресија и војната на Блискиот Исток. Говорејќи за германскиот радиодифузер ЗДФ, Борис Писториус, член на Социјалдемократската партија на канцеларот Олаф Шолц, рече дека нациите како Германија ќе мора да ја зголемат ...

Read More »

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски оствари средба со Вадефул, заменик шефот на владејачката парламентарна група на ЦДУ/ЦСУ во Бундестагот 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оствари средба со Јохан Вадефул, заменик шефот на владејачката парламентарна група на ЦДУ/ЦСУ во Бундестагот одговорен за прашања на надворешната работа и одбрана. На средбата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба. Претседателот Мицкоски го информираше Вадефул дека парламентарното мнозинство на СДСМ и ДУИ, постојано ги крши собраниските процедури и го злоупотребува европското ...

Read More »

Македонија: Одржана 19-та седница на Советот за безбедност

Денеска се одржа 19-та седница на Советот за безбедност, на која се разговараше за безбедносната состојба во државата и евро-атлантскиот регион. Покрај членовите на Советот за безбедност, на покана на претседателот Пендаровски на седницата присуствуваа и директорот на Агенцијата за национална безбедност и директорот на Агенцијата за разузнавање. Надлежните претставници на институциите информираа за тековните безбедносни прашања поврзани со земјата ...

Read More »

Одложен пописот на населението во Косово

Косовската агенција за статистика соопшти дека пописот на населението нема да започне на 1 ноември, како што најави косовската влада пред повеќе од два месеци и побара тој да се одложи за следната година, јави дописникот на МИА од Приштина. Заменик-шефот на КАС, Илир Бериша, нагласува дека доцнењето на постапките за набавка на таблети, неврбувањето на матичари и надзорници и ...

Read More »

Тепачка меѓу пратеници во албанскиот парламент (ВИДЕО)

Пленарната седница на албанскиот законодавен дом доцна попладнево почна со тензии, откако пратениците од опозицијата ја блокираа говорницата. Припадници на Националната гарда веднаш се распоредија околу говорницата, над која се и столчињата каде седат претставниците на Владата. Расправијата ескалираше со физичка пресметка, кога опозицискиот пратеник Бледион Налбати физички го нападна пратеникот од Социјалистичката партија Вулнет Сина. Веднаш потоа беше прекинат ...

Read More »

Најевтината авио-компанија на светот Рајанер од 31 октомври ќе лета и од Тирана

Авиокомпанија Рајанер, од 31 октомври ќе лета и од Тирана, ова го изјави албанскиот премиер Еди Рама. Еди Рама вели дека со овој нов развој на настаните ќе се отворат работни места и ќе се обезбедат нови можности за летови од Тирана до европските метрополи. Авиокомпанијата „Рајанер“ е подготвена да започне со летови за Албанија на 31 октомври, по потпишувањето на ...

Read More »

Претседателот Стево Пендаровски ја прими претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лејен, која престојува во посета на Македонија

Претседателот Стево Пендаровски ја прими претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лејен, која престојува во посета на Република Македонија. На средбата беше разговарано за процесот на пристапните преговори на земјава за членство во Европската Унија, за актуелните политички случувања во Македонија и за тековните состојби во регионот. Во таа насока беа разменети информации за натамошните фази во преговорите по ...

Read More »

САД воведоа нови санкции кон Хамас

САД воведоа втор круг санкции против функционери и финансиската мрежа поврзана со Хамас. „Денешната акција ја нагласува посветеноста на САД за разбивање на мрежите за финансирање на Хамас со распоредување на нашите органи за санкции против тероризмот и во соработка со нашите глобални партнери за да му се ускрати на Хамас можноста да го искористува меѓународниот финансиски систем“, рече заменик-секретарот ...

Read More »

Награда за „Бизнисот на Задоволството“ во Тирана и селекција на уште 7 нови фестивали

Долгометражниот филм „Бизнисот на Задоволството“ на режисерот Гоце Цветановски продолжува со успеси. Филмот по петти пат е добитник на награда на филмските фестивали, која овојпат му беше доделена на директорот на фотографија, Фејми Даут, за најдобра камера на десеттото издание на „DEA OPEN AIR International Film Festival“ во Тирана. Дополнително, „Бизнисот на Задоволството“ е селектиран на уште седум нови фестивали ...

Read More »