Владата на Република Албанија го промени проектот на патот Елбасан – Ќафасан, кој е дел од Коридорот 8, додавајќи изградба на уште еден тунел долг 3 километри. Министерката за инфраструктура и енергетика на Република Албанија Белинда Балуку изјавилa дека ова решение е постигнато по преговори меѓу владите на Албанија и Македонија, односно одговорните министерства за инфраструктура. Ова е важен дел ...
Read More »Author Archives: Весник Илинден
Одобрено е повторно отворање Лекторат по македонски јазик во Тирана
Од новата академска 2023/2024 година ќе може повторно да функционира Лекторат по македонски јазик на Факултетот за странски јазици на Универзитетот во Тирана. Заедничките заложби на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ) и Македонското друштво “Илинден“-Тирана, за остварување на иницијативата за повторно отворање лекторат, дадоа конкретни резултати. Со ...
Read More »Православните христијани денеска го слават Успение на Пресвета Богородица
Православната црква денеска го празнува земниот крај на Пресвета Богородица и нејзината смрт ја нарекува „Успение“ – раскошен термин кој во себе ги соединува сонот, блаженството, мирот, спокојството и радоста. Самиот лик на Богомајката објавува бескрајно спасение, сострадалност, грижа и доверба, сила и смирение, чистота и убавина, љубов и победа на љубовта. Небозрачната светлина со која сјае нејзиниот лик го ...
Read More »Честитка од Македонското друштво “Илинден“-Тирана по повод Успение на Пресвета Богородица
Во пресрет на големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, македонското друштво “Илинден“-Тирана упати честитка до архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и до сите Македонци од православна вероисповед во Република Албанија и до сите Македонци каде и да се во светот. Дозволете ми во мое лично име и во име на Македонско друштво “Илинден”-Тирана, и во името на ...
Read More »Ѓурѓај: Одобрено реактивирање на Лекторатот по македонски јазик на Универзитетот во Тирана
Од новата академска 2023/2024 година повторно ќе функционира Лекторатот по македонски јазик при Факултетот за странски јазици на Универзитетот во Тирана. Веста ја соопшти претседателот на македонското друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај. – Ова е историски ден за нас Македонците во Република Албанија. Чувствувам огромна радост и задоволство да информирам дека добивме позитивен одговор на барањето поднесено од Македонското друштво “Илинден“-Тирана ...
Read More »Македонецот Гого Славески е нов светски шампион во бокс без ракавици
Македонскиот борец, Горјан Гого Славески го освои појасот во бокс без ракавици во велтер категорија откако на поени го совлада Американецот Џејк Линдзи во главната борба на настанот кој се одржа во Мајами. Тоа беше борба на двајца борци кои немаа пораз до освој меч, Слаевски влезе со пет победи од пет дуели, а Линдзи со четири. Немаше предвремен финиш ...
Read More »Орбан: На ЕУ и треба секој цент
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека војната во Украина не може да се запре со „мировен план“ и чекање нешто да се случи. „Прво, мора да има итен и безусловен прекин на огнот“, нагласи Орбан на конзервативниот фестивал Транзит во унгарското село Тихани. „Првата грешка на Европа беше глобализацијата на оваа војна. Единствената земја која на денот на избувнувањето на ...
Read More »БРИКС: Шест нови членки од 2024 година
Самитот на БРИКС што се одржуваше изминатите три дена во Јоханесбург, Јужна Африка, заврши со покана до шест земји да му се приклучат на блокот од 2024 година. Информацијата дека е упатена покана до Аргентина, Египет, Иран, Етиопија, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати да станат нови членки на блокот ја соопшти јужноафриканскиот претседател Кирил Рамафоса, за време на воведниот ...
Read More »Германскиот милијардер Рајнхолд Вурт во посета на Драч со мега јахта вредна 150 милиони долари
Супер јахтата на милијардерот Рајнхолд Вирт беше закотвена во пристаништето Драч попатно за да натанкира гориво. Ова значи дека во рок од неколку часа колку што ќе трае полненето на гориво во државната каса ќе се слеат 2,8 милиони леки, пренесува Топ Ченел. Супер јахтата на германскиот милијардер пристигна вчера од Дубровник и денес ќе продолжи да плови кон Крф. ...
Read More »Претседателот Стево Пендаровски оствари средба со Габриел Ескобар, заменик помошник државен секретар на Соединетите Американски Држави
Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Габриел Ескобар, заменик помошник државен секретар на Соединетите Американски Држави, кој е во дводневна посета на нашата земја. На средбата беше потврдена поддршката на САД за европските аспирации на нашата земја. Истовремено, беше изразено очекување од официјален Вашингтон дека Македонија ќе го продолжи патот кон полноправно членство во Европската Унија. Претседателот Пендаровски ја истакна ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden