Градоначалникот на Општина Пустец, областа Мала Преспа, Пали Колефски на 23.06.2022 година учествуваше на првиот состанок на постојаните тела на првите прекугранични заштитени области на Балканот, Комитетот за управување со паркот Преспа (ППМК) и Работната група за управување со води (WGWM), одржан во Пили, Преспа, Грција. На состанкот се разговараше за можностите за соработка во рамките на зачувувањето на биосферата ...
Read More »Author Archives: Весник Илинден
Македонскиот јазик ќе можат да го изучуваат сите студенти на истанбулскиот универзитет
Со заложби на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ) од следната академска година, македонскиот јазик ќе можат да го изучуваат сите студенти на Истанбулскиот универзитет, коишто се заинтересирани за македонистиката. До сега, македонскиот јазик можеа да го изучуваат само студентите на Факултетот за литература, а од есен, ...
Read More »Русија има целосна контрола на Северодонецк, соопшти Украина
Руските сили сега го контролираат разурнатиот град Северодонецк во источна Украина, изјави неговиот градоначалник. „Русите целосно го окупираа Северодонецк, нашата војска се повлече на поподготвени позиции“, изјави Олександр Стрјук за украинската телевизија. повеќенеделното силно руско гранатирање го претвори градот главно во урнатини. Многу цивили се засолниле во огромната хемиска фабрика „Азот“, но Стрјук рече дека единствениот излез сега е преку ...
Read More »Џозеф: Бугарското малтретирање на Македонија и Албанија е веќе и проблем на НАТО
Американскиот претседател Џо Бајден не може да се дозволи меѓу сојузничките од НАТО, една земја членка да „и се сили“ и да малтретира друга земја членка затоа што е поголема или како што е во случајот со Бугарија и Македонија, затоа што е членка на ЕУ, смета американскиот универзитетски професор и експерт за Балканот, Едвард Џозеф. Тоа е веќе и ...
Read More »Корчарскиот митрополит Јоан најави наскоро воспоставување канонски односи меѓу македонската и албанската црква
Македонскиот амбасадор, Данчо Марковски и претседателот на партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски остварија средба и со корчарскиот митрополит Јован. На средбата посебен акцент беше ставен на канонското признавање на МПЦ-ОА, за што митрополитот изнесе искрени честитки и благослов до македонските верници. Тој најави дека се очекува набрзо да се воспостават канонски односи меѓу Албанската автокефална православна ...
Read More »Раковоството на Централниот совет на Македонците во Германија преку Зум-платформата се сретнаа согерманскиот пратеник Кнут Абрахам
На 24. јуни 2022 година, претседателот Роберт Кленковски и заменик претседателот Горан Николоски преку платформата Зоом се сретнаа со Кнут Абрахам, пратеник во германскиот Бундестаг и редовен член на Комисијата за надворешни работи и на Комисијата за човекови права и хуманитарна помош. Пратеникот Абрахам ја поздравува иницијативата на Централниот совет и го поддржува овој прв контакт за размена на идеи. ...
Read More »Министерството за надворешни работи со осуда на говорот на омраза во Народното собрание на Бугарија
Министерството за надворешни работи на Македонија најостро ги осудува вчерашните написи “Македонија е Бугарија”, кои можеа да се видат во рацете на дел од пратениците за време на заседанието за првата точка на Народното собрание на Република Бугарија, но и усмено пренесени од говорница, за време на истата седница. Таквите пораки се противни на европските демократски вредности, но и ...
Read More »Пукање во ноќен клуб во Осло (ВИДЕО)
Две лица се убиени во пукање во ноќен клуб во норвешкиот главен град Осло. Полицијата на Твитер објави дека уште неколку лица се повредени, а еден осомничен е приведен набргу по пукањето во близина на местото на настанот. Сите индиции укажуваат на осамен сторител, изјави полицискиот портпарол Торе Барстад. Полицијата не даде информации за возраста или идентитетот на уапсениот. Нападот ...
Read More »Балкански барометар: Опаѓа поддршката за европската интеграција на Западен Балкан
Резултатите од Балканскиот барометар и Секјуриметар покажуваат дека 76 отсто од граѓаните на Западен Балкан ја поддржуваат соработката во регионот, а дека поддршката за европската интеграција опаѓа во споредба со претходните години – сега таа е 60 отсто. Исто така, 60 отсто од компаниите сметаат дека интеграцијата на шесте балкански земји би имала позитивно влијание врз нивниот бизнис, а 49 ...
Read More »Гутереш: Светот се соочува со катастрофа поради сè поголемиот недостиг од храна
Светот се соочува со „катастрофа“ поради сè поголемиот недостиг од храна, нагласи денеска преку видео линк генералниот секретар на Обединетите Нации (ОН), Антонио Гутереш, за време на состанокот на Г7, економски најразвиените земји, во Берлин. Тој го наведе конфликтот во Украина како дополнително нарушување на глобалното снабдување со храна, што веќе било загрозено со климатските промени, пандемијата од Ковид-19 и ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden